1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конфликт меѓу ООН и САД

8 јуни 2006

Повод е говорот на заменикот на генералниот секретар на Светската организација Марк Малох Браун на една Конференција во Њујорк.

https://p.dw.com/p/Ae19
Американскиот амбасадор при ОН, Џон Болтон
Американскиот амбасадор при ОН, Џон БолтонФотографија: AP

Марк Малох Браун на Конференцијата во Њујорк им префрли на САД дека од една страна ги користат ОН како дипломатски инструмент за остварување на сопствените цели, а од друга не ја штитат истата организација од критики во сопствената земја. Ова предизвика остра реакција на амбасадорот на САД при ОН, Џон Болтон, кој се закани со скусување на финансиската поддршка.

„Генералниот секретар мора лично и јавно да се дистанцира од овој говор или во спротивно се закануваат тешки последици„ – најави јасно и гласно американскиот амбасадор Џон Болтон во седиштето на ОН во Њујорк.

Ваквата јавна закана на најголемиот уплаќач во касите на Светската организација меѓутоа не го потресе многу Кофи Анан. Неговиот портпарол возврати:

„Генералниот секретар го поддржува говорот на неговиот заменик и се согласува со насоката на искажаното.„

Говорот на заменикот на Анан беше долго подготвуван и сосема јасно беше настроен критички кон светската супер сила. Британецот Марк Малох Браун без влакна на јазикот го критикуваше официјален Вашингтон дека не ја штити ООН од неоправданите критики на медиумите во Средниот Запад на САД, кои се блиски до претседателот Џорџ Буш.

Зад изливот на взаемна критика се крие всушност подолгорочен спор околу финансиите на ОН. Вашингтон порача дека ќе ги уплати ветените пари во буџетот на ООН само ако бидат спроведени реформите и тоа оние кои Американците ги бараат. Бидејќи тоа не се случи, веќе шест месеци Светската организација функционира врз основа на резервен буџет, но и тој истекува на крајот на јуни. Ако до тогаш не се најде решение за спорот, тогаш на 1. јули Светската организација ќе биде платежно неспособна.

„Многу се трудиме, но кога посоти заменик генерален секретар кој на ваков начин ги критикува САД, тоа може да им нанесе големи штети на Обединитите нации„ – појаснува амбасадорот Џон Болтон.

А нападнатиот заменик секретар Браун на тоа вели:

„Многу е важно отворено да се зборува и тоа да се направи сега, бидејќи организацијата се наоѓа во сериозна криза. Нашиот буџет ќе биде исцрпен до крајот на јуни, а обете страни не успеваат да најдат заедничко решение.„

Браун ја повикува и другата страна во финансискиот спор, имено Групата 77 да попушти и да ги прифати реформите што ги бараат САД. Но, такви знаци за сега нема!