1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конфронтација со лобито за оружје

ЕМФ/дв6 јануари 2013

Американскиот претседател Барак Обама, според информации на „Вашингтон пост“, планира широка иницијатива за заострување на законите за оружје.

https://p.dw.com/p/17Eq0
Фотографија: Reuters

Весникот „Вашингтон пост“ пишува дека таканаречената „таск форс“, основана по масакрот во училиштетот во Њутаун, ја проверува позадината на сите купувачи на оружје. Освен тоа, работната група размислува за национална датотека за регистрација на секое купување оружје во САД. Се размислува и за поостри казни за оние што недозволено ќе носат оружје, на пример во близина на училишта. Со поостри казни веројатно ќе мора да сметаат и лицата кои даваат оружје на малолетници, пишува весникот, повикувајќи се на неименувани извори.

По масакрот во Њутаун пред три недели, во кој беа убиени 20 деца и шест ворзасни лица, а напаѓачот изврши сaмоубиство, американскиот претседател најави остри мерки во делот на законите за оружје, но не наведе детали. Како конкретна мерка постојано се наведува можноста за забрана на продажба на јуришни пушки на приватни лица со кои за кусо време може да се испукаат многу куршуми. Претседател на работната група за заострување на законите за оружје е вице-претседателот Џо Бајден.

Поседувањето оружје како основно право

Waffenverkäufer in den USA
Правото на поседување оружје остануваФотографија: picture-alliance/dpa

Правото на поседување оружје на граѓаните на САД им е гарантирано со устав. Тука нема темелно да се менува ништо. Правото на свое оружје е нешто што се подразбира само по себе во САД и ретко кој во Америка е подготвен да се откаже од правото да лови или да може да се одбрани.

Поради тоа, иницијативите на Обама за заострување на законите за оружје во САД се интерпретираат како желба на претседателот да му се спротивстави на можното лоби за оружје. Националната асоцијација за оружје отфрла секакво заострување на законите и нагласува дека секој Американец треба да е во состојба да му се спротивстави на напаѓачот со свое оружје.