1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кооперација наместо конфронтација

20 ноември 2005

Американскиот претседател Џорџ Буш го притисна политичкото раководство на Кина на трговски реформи и побара натамошна демократизација. Буш кој денеска во Пекинг се сретна со претседателот на Кина Ху Џинтао кинескотот раководство побара да дозволи поголема религиозна слобода.

https://p.dw.com/p/AcBB
Џорџ Буш и Ху Џинтао
Џорџ Буш и Ху ЏинтаоФотографија: AP

Со посетата на богослужба во протестантска црква америкаснкиот претседател Џорџ Буш побара од комунистичката влада на Кина поголема религиозна слобода. Во Пекинг живеат 50.000 христијани, во цела Кина меѓу 17 и 18 илјади. Но религиозната слобода во земјата е ограничена. Црквите кои официјално не се регистрирани рискираат казни. Причина поради која америкаснкиот претседател апелираше до кинеската влада.

„Се надевам дека кинеската влада нема повеќе да стравува од тоа, христијаните да се собираат и заеднички да се молат. Здраво општество е општество кое им вели добредојде на сите вери, и на луѓето им дава шанса да му се поклонат на се‘моќниот.“

По посетата на црква, американскиот претсетдал Џорџ Буш со воени почести беше примен од претсетдалот Ху Џинтао

Во неговиот говор Буш уште еднаш го нагласи значењето на човековите права

„Важно е да се зголемат социјалните, политичките и религиозните слободи во Кина. Ние ја охрабруваме Кина натаму да работи на историскиот процес, да се дозволат повеќе демократски права.“

И покрај предупредувањата разговорот меѓу Буш и Ху мина во пријателска атмосфера. И двајцата државници го нагласија интересот да се намали напнатоста

„Кооперација со обострана корист е главната насока на американско – кинеските односи. И двете земји имаат друга култура и поинакви национални услови. И двете страни имаат намера да се респектираат и да бараат заеднички точки за да се намалат разликите. “ рече Ху Џинтао

Меѓу САД и Кина постои цела палета на недоразбирања: САД покажуваат загриженост околу военото наоружување на Кина и недостатокот на транспарентост. Спорно е и тајванското прашање, а спор постои и поради дефицитната трговија со САД. Со договорот кој денеска беше потпишан, за продажба на 70 америкаснки боинг машини од Типот 737 се потврди вољата на Пекинг да се намали трговскиот дефицит. И двајцата државници се согласија дека е потребна засилена соработка при борбата со меѓународниот тероризам како и заштитата од причјиот грип.

Кооперација наместо конфронтација – ова е новата американска девиза која ја потврди и претседателот Буш.

„Односите меѓу САД и Кина се најважните односи. Оваа посета уште повеќе ги зацврстува нагласи Буш.“