1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Копјата се кршат околу смената на ректорот во Тетово

Борис Георгиевски12 октомври 2006

Владата ја оправдува смената на ректорот на Државниот универзитет во Тетово со малверзациите во издавањето дипломи.Експертите велат дека и да се точни тие информации,смената на ректорот е незаконска и неуставна

https://p.dw.com/p/Adbm
Тетово-се издавале ли дипломи за еден месец?
Тетово-се издавале ли дипломи за еден месец?Фотографија: AP

Што се случувало во изминатите четири години на државниот Универзитет во Тетово,оваа дилема досега само неофицијално се дебатира во Македонија.По смената на ректорот Неџмедин беадини од страна на новиот министер за образование Сулејман Рушити на нозе се крена речиси целата експертска заедница во земјата,осудувајќи ја смената како незаконска и неуставна,но возврати владата.Извори оттаму,засега само неофицијално,тврдат дека врвот на Универзитетот заедно со ректорот во изминатиот период биле вклучени во нелегална продажба на над 2 илјади дипломи.Првичните сознанија на инспекциските служби кои ја контролираа работата на Универзитетот,покажуваат дека дипломите биле издавани за неполн месец.Со вакви дипломи се здобиле студенти од Албанија и од Косово.Притоа,откриени се малверзации и при вработувањето и распоредот на наставниците.

Премиерот Груевски деновиве најави дека ќе бара целосно расчистување на случајот.

„Таа грешка треба да се исправи,ако се покаже дека имало грешка,второ ние сме правна држава и мора да се спроведува правото и во тој поглед ако некој докаже дека имало грешка во тој поглед,да речеме,некоја комисија или судот донесе некаква одлука,,тоа секако ќе треба да биде спроведувано,затоа што ние секако мораме да го спроведуваме правото во оваа држава.“

Од друга страна експертите се едногласни дека одлуката на министерот Рушити за смена на ректорот Беадини е незаконска,без разлика какви биле неправилностите на Универзитетот,за тоа не треба да решава министерот,туку постојат надлежни инспекциски служби и државни органи,кои треба да го гонат ректорот доколку биде утврден криминал,смета правниот експерт Борче Давитковски:

„Со таа одлука прво се повреди членот 24 од уставот на Република Македонија,каде што е загарантирана автономијата на Универзитетот,а од друга страна и Законот за високо образование каде што децидно стои кој може да го бира и разрешува ректорот на било кој универзитет,особено на државните“,смета професорот Давитковски.

Минатата недела за нов ректор на Универзиттеот во Тетово беше поставен Сади Беџети,но тој засега не е прифатен ниту од Сенатот,ниту од студентите во Тетово.Од друга страна,смената отвори нов конфликт меѓу двете најголеми партии на етничките Албанци во Македонија,ДУИ и ДПА.Од ДУИ ја обвинуваат власта дека режира политички мотивирани смени,додека од ДПА возвраќаат дека и Али Ахмети бил еден од студентите кој успеал за еден месец да добие диплома.Во целиот случај никаде го нема поранешниот ректор Беадини,кој ниту ги потврдува ниту ги демантира информациите,целосно се повлече и не сака да дава никакви изјави за јавноста.