1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Корупцијата во Романија - случај и за ЕУ

Хоратиу Пепине/ Александра Трајковска 21 јуни 2012

Поранешниот романски премиер изврши обид за самоубиство поради тоа што беше осуден за корупција. Романското правосудство конечно покажува резултати од реформата на која инсистира ЕУ.

https://p.dw.com/p/15J87
Фотографија: dapd

Поранешниот романски премиер Адријан Настасе, од редовите на социјал-демократите, изврши обид за самоубиство. Само неколку часа претхоно Врховниот суд во Букурешт го осуди на двегодишна казна затвор поради илегално финасирање на партијата. Пред осум години либерално-конзервативната опозиција во Букурешт им го свртe вниманието на романските антикорупциски власти дека е можна вмешаност на премиерот Настасе во матни зделки, како и за злоупотреба на службената функција. Истрагата меѓутоа тогаш беше прекината, а државниот обвинител беше близок човек на премиерот. Оваа постапка го зацврсти сомнежот, пред се’ во Брисел, дека процеси за борба против корупцијата речиси се невозможни во романското судство.

Flash-Galerie Justitia als Symbol der Rechtsprechung
ЕУ инсистира на реформа на судството во РоманијаФотографија: picture-alliance/dpa

Европската унија од своја страна внимателно го следеше ваквиот развојот на ситуацијата и бараше од Романија, пред крајот на пристапните преговори во 2004 година, да спроведе радикална реформа на судството. Притисокот од Брисел продолжи и по влезот на земјата во ЕУ (2007). Дополнителна клаузула во договорот за пристап овозможува конкретни казни, доколку Романија до 2010 години не ги реализира ветените реформи во судството и во борбата против корупцијата. Во првите три години по пристапот на Романија во ЕУ беа спроведени важни институционални реформи, но ниту еден единствен голем процес против корупција не беше завршен.

Од тие причини Комисијата на ЕУ го задржа мониторингот врз романското судство преку т.н. механизми за контрола и надгледување. Нецелосното спроведување на ветените реформи досега негативнио се одрази врз планираниот пристап во Шенген зоната на Романија.

Континуираниот притисок од Брисел се чини почна да делува. Годинава беа завршени неколку процеси, некои поранешни министри и високи државни службеници добија повеќегодишни затворски казни. Случајот Настасе е досега најрелевантниот, ако се земе в предвид дека тој беше причината за воведувањето на дополнителната клаузула во договорот за пристап во ЕУ.

Случајот Настасе и неговото политичко значење

Во 2004 година владата на Настасе ја загуби власта и на нејзино место дојде Либерално - конзервативната алијанса. Оваа коалиција победи на парламентарните избори со програма која се концентрираше на реформа на судството и борбата против корупцијата. Новата министерка за правда Моника Маковеј започна со деполитизација на судството, новата канцеларија за антикорпуција повторно ги отвори блокираните процеси. Во 2006 година Адријан Настасе беше обвинет за нелегално финансирање на партиите.

Bukarest, Parlamentsgebäude
Парламентот во Букурешт

Во меѓувреме се сменија повеќе влади - во моментов во Букурешт на власт е коалиција од социјал-демократите и либералите - меѓутоа правосудните органи продолжија кон својата цел. И покрај тоа што експремиерот можеше да го оддолжи процесот преку стари врски, пресудата неможеше да ја спречи. Моника Маковеј, која во моментов е пратеничка во Европскиот парламент истакна дека пресудата има симболична вредност, пред се’ таа испраќа сигнал до сите Романци дека еден политичар не стои над законот.

Некои претставници на романските социјалдемократи и нивните либерални парнери на ова гледаат поинаку и говорат дека се работи за политичка пресуда, па дури и лична пресметка на конзервативниот претседател Трајан Басеску. Меѓутоа и во Социјал-либерланата владејачка алијанса има возржани гласови - на есен во Романија треба да се оддржат избори, а случајот со корумпираниот социјалдемократски експремиер Настасе би можел негативно да се одрази врз одлуката на избирачите.