1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Корупција во приватните претпријатија во Германија

11 август 2006

Конечно, шефот на француската лиферантска фирма Форесја, Пјер Леви призна: од 2001 година неговата фирма ги поткупувала соработниците на производителите на автомобили Фолксваген и БМВ, а Леви занел за тоа. На таков начин Форесја обезбедувала договори на разбрануваниот автомобилски пазар. Тоа му ја откина главата на Леви – мораше да поднесе оставка. Со недели во германските весници може да се чита за афери н

https://p.dw.com/p/AeL9
Корупцијата е прашање на понуда и моќ!
Корупцијата е прашање на понуда и моќ!Фотографија: AP

� поткупи во автомобилската бранша. Освен Форесја, учествувале и други лиферанти.

Очигледно пари не се слевале само во Фолксваген и БМВ, туку и во други фирми производители на автомобили. Освен авто-браншата, неодамна се појавија наслови и за трговијата. Корупцијата, така се чини, во Германија е пораширена отколку што се мислеше.

Во споредба со светот, се чини дека Германија има релативно чиста кошула: според една листа на анти-корупциската организација Транспаренси интернешенел, Германија од 160 држави е на 16-тото место. Значи во 144 држави повеќе се подмитува отколку во Германија. На ова место Германија се одржува стабилно повеќе години: понекогаш понапред, понекогаш поназад. И поделбата на зачестеноста на корупцијата во светот отприлика е иста како што се слуша: во земјите во развој се поткупува повеќе, во индустриски развиените земји помалку. Прашање е само што значат овие бројки со оглед на звучноста на вестите во медиумите во изминатите месеци: таму се појавуваа фирми како БМВ, Дајмлер-Крајлсер, Сименс, Карштат, Ауди и Фолскваген и сите имаат најмалку две заеднички работи. Тие се големи германски фирми и сите треба да војуваат со обвинувања за корупција против членови на управните одбори или водечки чиновници во своите концерни.

Листата на познати случаи и исто така познати фирми во Германија може да се прошири по желба, а сепак тоа е само врвот на сантата:

„Со оглед на лавината корупции, не можат да се разјаснат, особено не стопроцентно. Причина за тоа е што токму кај таквата деликвенција многу поголемо е сивото поле: од 100 сомнителни случаи на корупција, би рекол дека се расчистуваат најмногу 5„.

Ова го вели вишиот државен иследник од Франкфурт и експерт за корупција Волфганг Шаупенштајнер. Во моментов тој има полни раце работа да внесе повеќе светлина во темницата на некои од тајните патишта по кои се движеле парите меѓу Фолксваген и некои од неговите лиферанти. Се чини дека Форесја, вториот најголем авто-лиферант во Европа, ги покупувал водечките менаџери во Фолскваген и Ауди. Се смета дека за поткуп биле дадени меѓу 600 и 800 илјади евра.

Меѓутоа, посакуваното дејство на парите за поткуп не се покажува само во приватното стопанство: центри на корупција се наоѓаат и во градежништвото, во здравството или во јавната хигиена, а да не се заборават и скандалите во јавните претпријатија, значи кај службеници или политичари. Така, франкфуртското обвинителство пред само две години водеше истрага за еден широк сканадл со поткуп во високоградбата. Беа обвинети 240 лица, а финансиската штета достигна 6 милиони евра. Во приватното стопанство, неоткривањето на сумите на корупцијата е поврзано и со тоа што најголемиот број фирми случаите на корупција се обидуваат да ги решат интерно, смета Петер фон Бломберг од Транспаренси интернешенел:

„Она што може да се турне под килим без јавноста и без казни се користи за случајот да не излезе во јавноста, зашто спротивното нанесува големи штети врз репутацијата„.

Меѓутоа, корупцијата не е само интерен проблем на стопанството: при поделбата на договорите, како во случајот на Фолксваген и Форесја, станува збор за економските интереси на фирмите и нивните водечки луѓе. А, тие често живеат и работат во сопствени светови, смета криминолгот за стопанство, професор Ханс Зее:

„Едната страна е што таквото милје се одвојува од социјалниот контекст и воопшто не размислува за возвратните ефекти. Се размислува само во пазарано-економски категории. Тие се исчистени од сите политички аспекти: така да се каже, се одвива многу чиста економија која наводно нема ништо со политиката„.

Некои шефови на фирми и менаџери во светот на економијата, значи, се движат со извесен макијавелистички однос – целта ги оправдува средствата: едно или друго евро го обезбедува следниот договор, едната рака ја мие другата и се се одвива подмачкано. Притоа, воопшто не е случајно што често во насловите се појавуваат имињата на големи фирми: прво тука, поради големата испреплетеност, работите се несогледливи, а второ, корупцијата секогаш е прашање на моќ, смета професор Зее:

„Кој има моќ, а кој нема? Во тоа спаѓа пред се да се имаат пари. И обратно, оној што треба да биде поткупен, треба да има нешто да понуди. Мене нема да ме поткупат, зашто, што имам јас да понудам? Добро, како професор може да се биде поткупен ако се попушти на испит. Меѓутоа, во таквите бизнис волумени, кога треба, на пример, да се добие договор од државата, тогаш атакуваат оние што можат најмногу да понудат„.

Според природата на работите, тогаш се засегнати високите функционери и големите фирми. Бројот на сканадалите се зголемува пред се во браншите каде што конкуренцијата е особено силна и огорчена, како во градежната или авто-браншата. Значи и во толку познати фирми како Дајмлер-Крајслер, Ауди или Фолксваген.