1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово доминантна тема на ЕУ-министрите

7 септември 2007

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска во португалскиот град Виана до Кастело, се среќаваат на дводневна неформална срдба. Во фокусот на разговорите и иднината на српската провинција Косово.

https://p.dw.com/p/BdPq
Оли Рен е за компромисно решение за Косово преку преговориФотографија: DW

За состојбата во преговрите на тројката во врска со Косово, министрите ќе ги информира претставникот на унијата, германскиот диломат Волфганг Ишингер. Заедно со неговиот американски и руски колега, Ишингер има време до 10 декември со Белград и Приштина да издејствува можен компромис за идниот статус на покраината. Премиерот на Косово Агим Чеку опстојува на брза независност и се заканува со еднострано прогласување независност. Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, пред два дена во Брисел ја повтори позицијата на Белград: се одбиваат еднострани чекори, подеднакво како и независност на Косово:

„Ако сакаме да работиме во духот на соработка, тогаш не смее да има закани со еднострани чекори. Во тоа се согласни Белград и Европа„.

Евро-комесарот за проширување Оли Рен, соопштувајќи ја позицијата на Европската унија, вели:

„Европската унија претпочита решение со преговори. Ние и господин Ишингер работиме врз тоа и очекуваме конструктивен став од Белград и Приштина. Очекуваме сите меѓународни партнери да предложат одговорен и ефикасен пат за решавање на овој проблем важен за иднината на Европа„.

Министрите на Унијата во Португалија ќе разгледуваат различни сценарија, но сите одбиваат еднострано прогласување независност. Холандскиот министер предложи поделба на Косово меѓу Србите и Албанците, но преговарачот на Унијата Ишингер е против таквото решение. На 27 септември за првпат по повеќе години, треба да се одржат директни преговори меѓу српските и албанските претставници. Советот за безбедност за коенчното решение треба да расправа во декември.

Министрите инаку, ќе разговараат и за интерни проблеми во Унијата. Португалското претседателство инсистира до крајот на октомври, до следниот самит на Унијата, да биде формулиран новиот основен договор за да може да биде и потпишан. Меѓутоа, поради можните предвремени избори во Полска во октомври, непосредно по планираниот самит во, целиот возен ред може да биде променет.