1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово – избори

17 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BVIa

Заменикот шеф на УНМИК, Стивен Шук вчера потпиша одлука со која централната изборна комисија на Косово е овластена да ги започне техничките подготовки за одржувањето на изборите во покраината. УНМИК соопшти дека неговиот шеф, Јоахим Рикер во првата недела на септември ќе го објави датумот на одржувањето на парламентарните и локалните избори на Косово. Во соопштението на УНМИК се наведува дека е важно изборите да не го попречуваат дефинирањето на финалниот статус на покраината. Мандатот на сегашниот состав на косовското собрание истекува во ноември.