1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово-Лавров за продолжување на преговорите

19 април 2007
https://p.dw.com/p/AgCT

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денес во Белград ги поддржа ставовите на Србија во врска со резолуцијата на ОН 1244 и оцени дека наметнувањето решение за Косово е апсолутно неприфатливо. Лавров изјави на прес конференцијата по средбата со српскиот претседател Борис Тадиќ дека Русија се залага за продолжување на преговорите за статусот на покраината.

Претставниците на Контакт групата утре во Москва ќе се обидат да го омекнат руското незадоволство од предложената контролирана независност на Косово,а идната недела ќе се состанат во Берлин.

Темата Косово инаку е симната од дневниот ред на претстојната седница на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, закажан за 23 април во Брисел.ЕУ е неединствена околу планот на Марти Ахтисари.