1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово не може да е единствен услов за влез на Србија во ЕУ

19 февруари 2012

Претседателите на Чешка и на Словачка, Вацлав Клаус и Иван Гашпарович ги поддржаа вчера напорите на Србија на патот за членство во Европската унија.

https://p.dw.com/p/145Yn
Фотографија: AP/Montage DW

Вацлав Клаус и Иван Гашпарович нагласија оти признавањето на Белград на независноста на Косово не може да биде единствениот критериум за кандидатурата.

„ЕУ не може да го наметнува прашањето за Косово како единствен услов. Србија треба да биде оценувата врз основа на сите досегашни достигнувања за да стане членка“, изјави на прес-конференција Гашпарович.

„ЕУ треба да биде отворена институција, која им дава можност на сите држави, кои сакаат да учествуваа во европската интеграција“, се надоврза Клаус, по самитот во Прага на претседателите на Чешка, Словачка, Хрватска и Србија.

Српскиот претседател Борис Тадиќ нагласи дека Србија нема да ја признае независноста на Косово, но ќе се погрижи да помогне во стабилизацијата на ситуацијата во Југоисточна Европа и да го спречи етничкиот конфликт во регионот.

Домаќинот Клаус по самитот со словачкиот колега Иван Гашпарович хрватскиот Иво Јосиповиќ и српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека скорешниот прием на Хрватска во ЕУ како и очекуваниот подоцнежен влез на Србија ќе бидат корисни за Чешка.

Чешка во ЕУ е од 2004 година, а Словачка освен тоа е и членка и на еврозоната, додека Хрватска ќе стане членка по ратификацијата на сите земји на ЕУ. Србија се обидува да започне преговори за влез во Унијата.
Четворицата претседатели во денешната програма имаат и билатерални средби, а планирана е и заедничка вечера.

Автор: ЖА/СН/миа

Редактор: Симе Недевски