1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово - резолуција

20 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BK8G

Советот за безбедност на ОН денеска треба да ја продолжи вчера прекинатата седница на која требаше да се разговара за најновата предлог резолуција за Косово. САД се заканија дека доколку Русија стави вето на новата предлог резолуција процесот на решавање на статусот на покраината ќе се измести од Советот за безбедност. Американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс вчера изјави дека САД се решени да дојдат до независност на Косово “на овој или оној начин“. Според портпаролот на УНМИК, Александар Иванко, доколку резолуцијата за статусот на Косово не биде усвоена во Советот за безбедност, светот има план Б за Косово, кој би бил соопштен во случај на еднострано прогласување независност на покраината. На тема Косово денеска во Берлин разговараат шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.