1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово - САД

8 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bdo2

САД се подготвени еднострано да ја признаат независноста на Косово доколку Советот за безбедност на ОН не постигне консензус по тоа прашање, изјави помошникот американски државен секретар, Курт Вокер. Според него, сите во овој момент мора да ја преземат својата одговорност за зачувување на мирот и стабилноста на Балканот. Вокер, сепак, изрази надеж дека статусот на Косово ќе се реши со што поголем договор на двете страни и доколку е можно во рамки на Советот за безбедност.