1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово – Совет за безбедност

20 март 2007
https://p.dw.com/p/AgMO

Советот за безбедност на ОН го разгледа најновиот извештај на шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, за развојот на ситуацијата во покраината во последните три месеци. Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, ја напушти седницата на советот оценувајќи дека извештајот на Рикер е пристрасен и дека Рикер наместо да говори за спроведување на резолуцијата 1244 на ОН, се залагал за независнос на покраината. Според вршителот на должност амбасадор на САД во ОН, Алехандро Волф, извештајот на Рикер е урамнотежен и објективен. По седницата на Советот за безбедност, шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, рече дека во извештајот се говори за извесен напредок во спроведувањето на стандардите на Косово, истакнувајјќи дека се држел до својот мандат.