1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово – „тројка„

17 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BVM1

Посредничката тројка на контакт групата за Косово испрати покана до министерството за надворешни работи на Србија за средба на 30 август во Виена, соопштија вчера српските медиуми. Српското министерство за Косово најави дека во Виена нема да има директни средби меѓу претставниците на Белград и Приштина, туку дека ќе се водат одвоени разговори на тројката со делегациите на двете страни. Посредничката тројка ја сочинуваат претставниците на Европската унија, САД и Русија – Волфганг Ишингер, Френк Визнер и Александар Бочан Харченко.