1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово чекори кон ЕУ - интеграцијата

АТ/ макфакс12 август 2013

Преговорите за Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ се еден од главните приоритетит за косовскиот премиер Хашим Тачи. Косово очекува овие преговори да завршат пролетта 2014 година.

https://p.dw.com/p/19O7g
Фотографија: DW/A. Beqiraj

Двата главни приоритети на Косово во рамките на процесот на европската интеграција се преговорите за Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) и процесот на исполнувањето на критериумите за визната либерализација, изјавил косовскиот премиер Хашим Тачи на првиот состанокот на преговарачкиот тим на Косово за ДСА.

Тој истакнал дека почетокот на преговорите за Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу Косово и Европската унија е историски момент во евроинтеграциите на Косово.

„Договорот за стабилизација и асоцијација ќе биде првиот договор кој нуди јасна перспектива за насоката кон полноправното членство на Косово во ЕУ“, изјавил Тачи.

Тој додал дека процесот на либерализацијата на визниот режим, кој е од големо значење за граѓаните, е еден од главните приоритети на косовската влада и за реализација на истиот е потребна исполнување на бараните критериуми.

„Барам од секој од вас, активностите и обврските околу процесот на визната либерализацја и преговорите за ДСА да ти третира како најголем приоритет“, порачал Тачи до членовите на косовскиот тим кој ќе преговара околку овие работи со ЕУ.

Косовската влада очекува преговорите за ДСА да започнат на есен, и да завршат на пролет идната година.