1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косовската делегација по средбата во тројката во Лондон

21 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bi9M

Членовите на косовскиот преговарачки тим, по средбите во Лондон, синоќа во Приштина соопштија дека 10 декември е последниот ден од преговорите за статусот на Косово и дека меѓународната тројка дала висока оценка за приштинскиот документ за идните односи меѓу Косово и Србија. Претседателот на Косово Фатмир Сејдију изјави дека косовските институции нем да бидат одговорни за последиците од какви било пречки. За разлика од Сејдиу кој редовоно нагласува дека Пришина нема самостојно да презема крупни чекори без согласност на западните сили, косовскиот премиер Агим Чеку соопшти дека политчкото трпение на Приштина има граници и дека 10 декември е денот кога треба да завршат преговорите.