1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косовскиот премиер Агим Чеку доаѓа во Скопје

Александар Чомовски5 мај 2006

И четвртиот косовски премиер доаѓа во Скопје на разговори, но и натаму различни се позициите околу тајмингот за конечното одбележување на границата меѓу Македонија и Косово.

https://p.dw.com/p/AdeE

Косово нема територијални претензии кон ниту една соседна земја и целосно го почитува територијалниот интегритет на Македонија. Административната граница ја смета за валидна меѓунадродна демаркација меѓу двете земји. Со оваа најнова декларација на владата во Приштина во Скопје денеска пристигнува Агим Чеку. Разговорите со македонскиот домаќин, премиер Владо Бучковски ќе се водат во владата, а не во кафеани и клубови како што претходно беа дијалозите со Бајрам Реџепи и Бајрам Косуми.

Двајцата премиери и натаму имаат различни проценки околу конечното обележување на границата. Косовскиот премиер Агим Чеку пристигнува со политичка оценка дека тоа би требало да биде со погоден термин во контекст на финалниот статус на Косово. Бучковски инсистира на демакрација пред конечното решение за евентуална независнот, или во најмала рака со гаранции од меѓународната заедница во можната идна разолуција на Советот за безбедност на ОН околу иднината на Косово.

Пред посетата на Скопје, ксовскиот премиер се искачи на границата кон Македонија во областа од околу 2.500 хектари оспорена зона од страна на властите на Приштина. Неодамна на прес конференција, партијата ВМРО Народна предложи декларација за непроменливост на македонските граници што парламентот би ја депонирал во ОН во Њујорк. Засега таков текст не е инициран во собранието.

Во Македонија не постои јавен и напрегнат страв дека можно независно Косово ќе ги отвори амбициите за голема држава на Албаниците во регионот. Властите во Скопје се обидуваат да ги развиваат економските релации. Неодамна е потпишан и договор за постепено намалување на взаемните царини што ги воведе УНМИК. Заедно со Чеку во Скопје ќе допатуваат економсмки министри и менаџери, а ќе се организира и блиц стопански форум.