1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кошмарот на Јапонија продолжува

14 март 2011

Во нуклеарката Фукушима 1 рано утринава (14.03.2011) се случи нова експолозија, овојпат во реактор број 3 на централата. Не престануваат ниту земјотрестите. Денеска еден од нив се почувствува и во главниот град Токио.

https://p.dw.com/p/10Ye9
Оштетувањата на реакторскиот блок 3 во централата Фукушима по денешната експлозија се огромниФотографија: AP

Над јапонската нуклеарна централа Фукушима 1 повторно има облак чад. Во една од зградите на реакторите се случи нова експлозија. Размерите и последиците од оваа експлозија се’ уште не се утврдени. Најмалку три лица се повредени, информираше јапонската новинска агенција Кјодо, повикувајќи се на информации на фирмата која управува со централата Тепко. Седум други соработници засега се исчезнати. Портпарол на јапонската влада во Токио изјави дека при екслозијата не била оштетена обвивката на реакторот. Најверојатно станува збор за експлозија на водород, при која, како и при првата експлозија на викендот, била оштетена зградата каде се наоѓа реакторот. По силниот земјотрес во петокот, во повеќе реактори откажа системот за ладење. Во прегреаните системи во меѓувреме се впумпува морска вода. Се стравува дека веќе почнал процес на топење на нуклеарното јадро, кој може да предизвика синџирни реакции на хемиски процеси и да се ослободат радиоактивни честички во атмосферата.

Flash Galerie Fukushima 2011
Во саботата силна експлозија се случи и во реакторот број 1 во нуклеарката Фукушима ДаичиФотографија: AP

Бројот на загинати постојано се зголемува

Претходно областа погодена од големата катастрофа повторно беше погодена од силен земјотрес. Предупредувањето од цунами бранови, кое беше издадено веднаш по земјотресот во меѓувреме е повлечено. Земјотресот со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала можеше да се почувствува и во околу 150 километри оддалечениот главен град Токио.

Десетици илјади луѓе и изминатата ноќ ја минаа во привремени сместувалишта. По земјотресот и цунами брановите во петокот, и проблемите во повеќе нуклерани централи, од погоденото подрачје се евакуирани повеќе од 600.000 луѓе.

„Ни велеа дека централата е 100 проценти безбедна од цунами и од големи бури.“ , вели загрижено еден Јапонец.

Цунами брановите во петокот, официјално досега однесоа 1800 животи, но се стравува дека бројот загинати е многу повисок.

Кусок од храна

Flash-Galerie Japan Erdbeben Tsunami
Цунамито зад себе остави пустошФотографија: picture alliance/dpa

Катастрофата предизвика и огромни материјални штети на јапонскиот северо-источен брег. Цели населени места се уништени, откако 10 метри високиот бран навлезе еден километар во копното и разнесе се’ што му се најде на патот. Некои од луѓето во привременото сместувалиште во Кавамата го преживеаја цунамито.

„Бранот ме однесе и ненадејно се најдов под вода. Но успеав да се спасам, и откако се најдов на 100 метри оддалеченост од водата се чувствував сигурен.“ , вели еден од настраданите.

Во меѓувреме на повеќе места во подрачјето погодено од катастрофата недостасуваат животни намирници и на повеќе места се делат прехранбени производи.

„Кога сакам да одам да купам јадење, продавницата е постојано затворена. Што да правам?“, се жали една Јапонка.

Тежик удар за стопанството

Според првичните проценки, земјотресот и цунамито изминатиот петок предизвикаа штети од повеќе милијарди евра. Јапонија инаку се бори со низок економски пораст и државни задолжувања од 200 проценти од брутодомашниот производ, најголемиот меѓу сите индустриски нации. На првиот работен ден по разурнувачкиот земјотрес под притисок се и јапонските берзи. Индексот Никеи на стартот падна под психолошката граница од 10 000 поени. Јапонската централна банка на финансискиот пазар впумпа околу 62 милијарди евра.

Автор: Бернд Муш Боровска/ Александра Трајковска/ дв

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема