1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој е виновен за евентуално недобивање датум за преговори со ЕУ?

17 септември 2008

Висока делегација од Европската комисија со македонските власти ќе ги разгледува досегашните реформи. Владата отвори фронт против евроамбасадорот Ерван Фуере, кој смета: спорот со името е алиби за незавршените обврски.

https://p.dw.com/p/FJYD
Незадоволство од изјавите: евроамбасадорот Ерван Фуере и вицепремиерот Ивица БоцевскиФотографија: MIA

Македонската влада е незадоволна од односот на евро – амбасадорот во Скопје, Ерван Фуере. Тој неодамна ја критикуваше алиби- политиката на македонскиот премиер Никола Груевски, кој тврдеше дека спорот со името ќе биде причина Македонија да не добие датум за преговори за прием во ЕУ. Македонските медиуми пренесуваат шпекулативни информации од владини извори дека висок европски функционер во јуни нудел политичка трампа – компромис за името со Грција, во замена за добивање датум за преговори со ЕУ.

Наместо да лобира на меѓународен терен, македонскиот државен врв е преокупиран дома, со своите различни толкувања кон оценката на Ерван Фуере, се изјасни македонскиот претседател Бранко Црвенковски.

Денеска инаку во Македонија доаѓа висока делегација дипломати на Европската комисија, која со македонските власти ќе разгледа докаде се реализирани реформите во земјата.