1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој е виновен за нападите во Бомбај?

Сабина Матаи1 декември 2008

Продолжува истрагата по организаторите на терористичките напади во Бомбај. Покрај индиректното обвинување на Пакистан, сега вината за нападите се бара и кај индиските сили за безбедност.

https://p.dw.com/p/G6gV
Индиските медиуми со критики до властитеФотографија: DW/Ashraf

Истагата за серијата терористички напади во Бомбај се’ уште не е завршена. Познато е дека атентаторите биле добро подготвени, но засега нема точен податок колку терористи учествувале во нападите кои беа извршени врз десетина стратегиски цели во Бомбај. Иако првично како виновник за нападите индиректно беше посочен Пакистан, сега се’ повеќе се говори и за големите грешки од редовите на индиските сили за безбедност. Министерот за внатрешни работи Шиврај Патил и советникот за национална безбедност во меѓувреме поднесоа оставка од функциите.

Странците цел на нападите?

Само еден од напаѓачите беше уапсен жив. Станува збор за Ајмал Амир Казав, припадник на исламистичката милитантна организација Лашкар е Тоиба со седиште во Пакистан. Оваа група беше обвинета и за серијата бомбашки напади врз железницата во Бомбај во 2006 година. Инаку, според официјалните информации во нападите во Бомбај загинале 183 лица, а 235 се повредни. Најголем дел од жртвите се Индијци. Експертот за безбедност, Правен Свами смета дека главна цел на нападите на атентаторите врз хотелите биле странците. „Ова се први напади на Лашкар е Тоиба кои се насочени против западни претставници односно странци,“ вели Свами.

Indien Einheiten der indischen Armee sichern das Gelände um das Hotel Taj Mahal in Bombay Mumbai Terrorserie
Индиските безбедносни сили патролираат низ БомбајФотографија: AP

Тоа не е изненадување. Оваа група го критикуваше меѓународниот ангажман во Авганистан и критикуваше дека постои ционистички заговор против Пакистан. Во оваа слика се вклопува и нападот врз Еврејскиот центар во Бомбај.

Пакистан повикува на смирување на тензиите

Индиските сили за безбедност сметаат дека милитантите пристигнале во Бомбај по воден пад од пакистанскиот град Лахое. Властите во Пакистан ги отфрлија овие информации, како и тврдењата за поврзаност на властите во Исламабад со милитантните екстремисти. Пакистанскиот министер за надвоешни работи, Куреиши неколкупати нагласи: „Во интерес на двете земји е ситуацијата да се олабави. Индија и Пакистан мора да соработуваат во борбата против тероризмот“.

Во меѓувреме, во Индија се зголемуваат критиките кон властите на земјата. Еден од весниците кој важи за поддржувач на политичкиот естаблишмент, критикува за некомпетентност. Медиумите ги критикуваат пред се силите за безбедност заради низа пропусти. Особено поради фактот што тие ја вратија контролата врз градот дури по 60 часови од првите напади на терористите.