1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој е Митал?

29 јуни 2006

Со огромна сила Лакшми Митал во моментов ги бранува светските пазари. Во период од пет години купи повеќе од 20 челични концерни, а по петмесечна битка за европскиот челичен концерн Арселор е на целта: Арселор и Митал се фузионираат во најголемиот челичен конценр на светот. Кој е всушност индискиот индустријалец Лакшми Митал?

https://p.dw.com/p/AeLQ
Махараџата од челик - Лакшми Митал
Махараџата од челик - Лакшми МиталФотографија: AP

Многумина го нарекуваат „Махараџа од челик„ или „Индиски барон на челикот„. Она што го создаде овој 55 – годишен Индус вистина е огромна империја. Првата искра ја запали неговиот татко кој беше вклучен во челичаната индустрија иако многу скалила подолу. Пред 50 години водеше мала фабрика во индиската провинција Раџастан, на простор во кој струја и вода одвај да имаше. Семејството подоцна се пресели во Калкута, каде што неговиот татко презеде поголема фабрика, а синот веќе со 19 години влезе во бизнисот. Бше поставен темелот, иако Митал се уште беше далеку од тоа да стои на чело на најголемиот светски концерн за челик.

Пред нецели 10 години Лакшми Митал во рурската област ја купи старата фабрика Рајнметал и ја тарнспортира во Индија. Претходно презеде повеќе застарени фабрики во земјите на поранешниот источен блок. Благодарејќи на ниските плати во Индија, Митал градеше нови прфитабилни претпријатија. Студената математика на трошоците и негувањето политички околности подеднакво му беа од корист како и неверојатното темпо, во кое не ретко настапува со грубост кога станува збор за доснесувањето решенија. Индискиот челичен магнат денес располага со вистинска моќ на пазарот, благодарејќи на успешниот бизнис и може да ги диктира цените како за автомобилските концерни, така и за земјите во налет: Индија и Кина. Митал концернот има седиште во Ротердам и е присутен во 14 држави. Вкупниот годишен промет: 22 милијарди евра. Бројот вработени во целиот свет – 175 илјади.

Неговото богатство се проценува на 25 миијарди долари. Неговата фирма од пред две години се смета за светски лидер во производството на суров челик. Во 2004 година две негови фирми се фузионираа со американскиот челичен џин Интернешенел стил.

Колку и да растеше неговата империја, Митал секогаш се цврсто врзува за семејството. Како неговата ќерка, така и синот во Митал Стил имаат водечки позиции во менаџментот. Во секоја фабрика на неговата челична империја низ светот Лакшми Митал поставува еден „лојалист„ кој внимава се да се одвива според неговата волја. А, во Индија? Индусите се горди на човекот од Раџастан за кого многумина велат дека има челик во крвта.