1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој е на фотографијата?

5 март 2009

Го бараме името на човекот кој по потекло е од Австрија, а најголемата слава ја постигна како херој од холивудските акциони филмови.

https://p.dw.com/p/H65P
И покрај гувернерскиот ангажман, ја репризираше улогата во „Терминатор 3“Фотографија: AP

Роден е на 30 јули 1947 година во Австрија, а со боди-билдинг почнал да се занимава уште кога имал петнаесет години. Се смета за една од најзначајните фигури во овој спорт, поради тоа што стана најмладиот Мистер Универзум, кога имаше само дваесет години. Покрај тоа, тој е и седумкратен освојувач на титулата Мистер Олимпија.

Неговата кариера продолжува во Холивуд, како херој во повеќе акциони филмови, од кои најзапаметен ќе остане филмот „Терминатор“.

Од 2003 година тој се истакнува и на политички план - избран е за гувернер на американската држава Калифорнија.

Неодамна се врати во родниот континет, поточно во Германија, каде заедно со германската канцеларка Ангела Меркел, го отвори саемот на нови технологии ЦЕБИТ.