1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој има право да биде Македонец?

15 септември 2009

Со разговорот со амбасадорот Волфганг Ишингер и средбата со потпретседателот на германскиот Бундестаг Петра Пау, македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ја продолжува официјалната посета на Германија.

https://p.dw.com/p/JglB
Македонскиот претседател Ѓорги Иванов во фондацијата „Конрад Аденауер“Фотографија: DW

„За Македонците е важно интеграцијата на земјата во евро-атлантските иституции да се врши по принципот на заслуги. Ширењето на европските вредности во земјата се случува секојдневно, но за да се забрза овој процес Македонија мора да ги започне пристапните преговори со ЕУ. Многу е важно интеграцијата да се води постојано, низ мерливи и применливи проекти, преку интеракција“, подвлече македонскиот претседател Ѓорге Иванов во синоќешното (14.09.2009) обраќање во фондацијата „Конрад Аденауер“, во Берлин, каде говореше за патот на Македонија кон ЕУ.

„Од моето досегашно искуство сметам дека запирањето на процесот на интеграцијата е невозможно. Вие знаете дека затворањето на границите, изолацијата не е ефикасен начин на интеракција.Предрасудите се раѓаат од недостиг на комуникација. Кога се вкоренети, честопати е потребно да мине цела генерација пред тие да се отстранат", нагласи Иванов осврнувајќи се на значењето на проширувањето на Унијата, визната либерализација, постигнатата демократизација на Македонија, но и проблемот со името со Грција.

Македонија ќе го зачува достоинството

Иванов потсети дека Македонија во изминатите години направила многу: го смени знамето, го дополни уставот, дури прифати да биде дел од Алијансата и под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија. Но, во Букурешт беше сопрена од Грција. Иванов е категоричен: Нема да дозволиме да стоиме настрана. Ќе ги преземеме нашите обврски и ќе го зачуваме нашето достоинство. Јас дадов едно соломонско решение кое ќе ги задоволи сите критериуми, принципи и барања на Грција. Ние сме Македонија 39 проценти, зашто имаме толкав дел од територијата. Грција има 51 отсто од територијата. Но, тие 39 отсто се 100 отсто од Македонија, а тие 51 отсто Македонија се една петтина од Грција. Сега, прашање е кој има право да биде Македонец?“

Mazedonischer Präsident Gorgi Ivanov in Berlin
Фотографија: DW

Во дискусијата се вклучи и грчкиот амбасадор во Германија, Тасос Криекоукис, кој околу подготвеноста на Македонија за решавање на спорот со името коментираше: Од ваша страна овој чекор напред не го гледам. Кога овој чекор ќе го видам целата прикаска ќе биде завршена. Точно е што велите - ние не сме непријатели. Ние сме пријатели. Грција е најголемиот инвеститор и во моментот кога се сака компромис двете страни мора да се заложат за премостување на ситуацијата.“

Амбасадорот, меѓутоа ги критикуваше „преименувањето на аеродромот, ставањето грчки имиња на автопатот, на спортската сала“, кои, според него, ја трујат атмосферата. Изборите во Грција, рече грчкиот амбасадор, се една недела по германските и тие би требало да дадат придонес во решавањето на спорот меѓу двете земји.

Автор: Силвера Падори

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска