1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој се плаши од Александар Велики?

Тони Гламчевски4 јануари 2007

Прашањето го поставува париски “Ле Монд” во освртот на последниот заплет во односите меѓу Македонија и Грција, предизвикан со одлуката на владата од Скопје да го именува аеродромот на главниот град според името на Александар Велики.

https://p.dw.com/p/AdaB

"Меѓу сите несреќи на светот, една неразрешена разлика може да остане незабележана. Тешко можат да се следат заплетите и влоговите кои се во игра, освен да се биде на самото место." Вака, новинарот Даниел Верне ја започнува хрониката во париски “Ле Монд” посветена “на одлуката на владата од Скопје за именувањето на аеродромот на македонската престолнина - Александар Велики.

Новинарот намерно го користи името на престолнината, бидејќи како што објаснува, “Република Македонија, не е официјалното име. Бидејќи државата чија престолнина е Скопје, според меѓународните норми одговара на убавото име АРИМ, француската кратенка за Поранешна Југословенска Република Македонија. Бидејќи Грците имаат отпор кон името Македонија."

“Ле Монд” ги пренесува реакциите на грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојанис, која смета дека “Скопјиотите” си го влошуваат случајот и ги компромитираат шансите за влегување во НАТО и ЕУ.

"На прв поглед, караницата за името, која често наликува на селски озборувања, таа е метафора за многу подлабоко несогласување. Недозволувајќи и на Македонија да се вика така, Грција сака да ги спречи двете опасности тесно поврзани. Првата е иредентизмот на властите од Скопје, кои еден ден, можат да ја побараат грчката Македонија...

Втората се однесува на населението со словенско потекло кое живее на северот на Грција и на кое Атина не му го признава статусот на малцинство. Дора Бакојанис неодамна повтори дека “Грција на својата територија признава само едно малцинство - муслиманското во Источна Тракија”, пишува “Ле Монд”.

Караниците не ги спречуваат чувствата. Скопје е третиот по значење трговски партнер на Грција на Балканот. Од пред десет години Грците со 1,1 милијарди долари се првите инвеститори во земјата. Тие доминираат во банкарскиот сектор, телекомуникациите, енергијата и супермаркетите. Трговската размена се зголемува многу брзо од двете страни.

Накратко, заклучува париски “Ле Монд”, "ќе биде подобро, ако скопјаните не претендираат дека Александар Велики е една историска личност која им припаѓа на сите народи, кој во еден момент и припаѓал на античка Грција. И ако денешните Грци не си имаат ставено во главите дека се единствените потомци на славата од Антиката.

Без да се сомнева во ништо, владата од Скопје исто така одлучи да го именува аеродромот во Охрид според името на Свети Павле. Апостолот кој се смета за основач на Македонската црква. Што мислат за таа “конфискација” Коринтјаните, Ефесјаните, Галатјаните или Римјаните на кои им се има обратено Сол од Тарс, наречен Павле," завршува со многу иронија францускиот весник “Ле Монд”.