1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој ја кажува вистината?

Хајнер Хелер27 октомври 2008

По нападот на американските специјалци на сириска територија, Дамаск ги обвинува САД дека се убиени осум лица, и тоа цивили. Американската армија пак возврати дека цел на нападот било упориште на терористичка мрежа.

https://p.dw.com/p/Fhtx
Американски напад, меѓусебни обвинувањаФотографија: picture-alliance/dpa

Четири хеликоптери со специјалци, рано в зора полетаа кон Сирија и нападнаа фарма којашто се наоѓа осум километри зад границата. Според сириските власти во нападот е уништена куќата, а има осум жртви. Меѓу нив четири деца. Ова беше прв напад на сириска територија од страна на американските сили стационирани во Ирак. Целта било да се разбие ова упориште на бунтовниците и членови на организација која на Блискиот исток и северна Африка е одговорна за лиферување на оружје, пари и борци, појасни претставник на американската војска во Вашингтон.

Damaskus: US-Kommandoaktion in Syrien - Neun Tote
Жртва на американскиот нападФотографија: picture-alliance/dpa

Сирија го осуди нападот

Реем Хадад од сириското министерство за информации, ги демантираше ваквите тврдења и го осуди нападот. „Четири американски хеликоптери го повредија сирискиот воздушен простор и суверенитет. Нападнаа цивилен објект. Нема теорија дека се работи за грешка и дека земјоделците ги помешале со борци. Ова е едноставна порака - дека тие не сакаат соработка ниту мир.“

Арапските медиуми покажаа слики од уништената фарма којашто се наоѓа во близина на ирачката граница. Една жена очевидец, која е повредена при обидот да си го заштити детето, раскажува дека војниците упаднале во куќата и пукале без предупредување. Мажот и е еден од настраданите. Погоден е и соселанин кој лобел риби во близина.

САД ја обвинува Сирија

Од американски воени кругови се дознава дека тие решиле да ги преземат работите во свои раце. Одамна пограничното место Каим важи за клучен регион од кое пристига засилувањето на тероризмот од Сирија кон Ирак. На почетокот на минатата недела генералот Џон Кели, команант на американските трупи, јавно кажа дека од соседната земја доаѓа постојана закана за Ирак. „Сирија е проблематична за мене, но попроблематична е за Ирачаните. Не изгледа дека од другата страна на границата се преземаат доволно мерки за да и се помогне на соседната земја во заштитата на границата или ирачкиот суверенитет.“ САД подолго време ја обвинуваат Сирија дека ги крие меѓународните терористи и придонесува кон дестабилизација на ситуацијата во Ирак.

Сирија соодветно ќе одговори на американскиот напад

Според најновите планови, американските трупи треба до 2011 да се повлечат од регионот. Во меѓувреме 12 од 18-те ирачки провинции се веќе под контрола на домашните сили. Сирија исто така се обидува да излезе од меѓународната изолација. Веќе ги има подобрено односите со повеќе европски земји, а дури започнаа и преговори со Израел. За сириската влада, вчерашниот американски напад нема да ја промени ваквата политичка определба, изјави Реем Хадед од министерството за информации. „Мислам дека е ова очајнички потег на американската владата во заминување. Не, тоа нема да има влијание врз нашите односи со Европа.“ Таа додаде и дека сириската влада соодветно ќе реагира на американскиот воздушен напад. Но, не појасни што значи тоа.