1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Fußball-EM 2016

Arnulf Boettcher28 мај 2010

Сите погледи на европската фудбалска јавност се вперени во Женева. Европската фудбалска унија денеска ќе открие која земја ќе биде домаќин на Европското првенство во фудбал во 2016 година.

https://p.dw.com/p/Nb7n
Фотографија: DW/AP

За организацијата на првенството се кандидираа Франција, Италија и Турција. Норвешка и Шведска ја повлекоа својата заедничка кандидатура уште на крајот на 2009 година. На следното европско фудбалско првенство во 2016 година за првпат ќе учествуваат 24 тимови, наместо досегашните шеснаесет. Ќе се игра во шест групи со по четири селекции, при што двата најдобри тима од секоја група и четири тима од вкупно шесте третопласирани ќе се квалификуваат во осминафиналето. Оттука натаму се игра по систем на елиминација. Времетраењето на завршницата на турнирот е продолжено од досегашните три на четири недели. Домаќинот на првенство автоматски се квалификува во завршницата, додека останатите 23 места ќе бидат познати по квалфикациите, што ќе се одиграат меѓу август 2014 и ноември 2015 година.

Еве ги аргументите на земјите-кандидати зошто токму тие треба да ја добијат организацијата на Евро 2016:

Трета среќа за Турција

Ataturk Olimpiade Stadium in İstanbul
Стадионот „Ататурк“ во Истанбул со капацитет од 83 илјади седиштаФотографија: AP

Турција планира да инвестира 290 милиони евра во изградбата на нови стадиони. Трошоците ќе бидат на товар на државниот буџет. Две од арените треба да се изградат во Истанбул, а ќе се изградат и шест нови стадиони. Нови спортски арени треба да никнат и во Анкара, Измир, Бурса, Кониа, Ескисехир и Анталија. Првиот меч, како и финалето се планира да се одиграат во реновираниот олимписки стадион „Ататурк“, кој располага со капацитет од 83 илјади седишта. Турција по трет пат се кандидира за преземање на организацијата на европското првенство во фудбал. Во 2008 година Турција и Грција изгубија од Швајцарија и Австрија, додека во 2012 година европското првенство ќе се одржи во Полска и Украина.

Италија планира реновирање на старите стадиони

Rom, Stadio Olimpico, Ersatzbank
Малку ителијански рестори ги задоволуваат барањата на УЕФАФотографија: picture-alliance/dpa

Со помош на приватни претпријатија, Италија ќе вложи околу седумстотини милиони евра во последната рунда од европското првенство. Половина од средствата, 350 милиони, ќе бидат вложени во реновирање на старите арени, додека останатата половина ќе биде искористена за изградба на нови стадиони, пред се` во Турин и Палермо. Многу италијански стадиони моментно не ги исполнуваат стандардите што ги бара УЕФА. Од светското првенство во 1990 година, Италија многу малку инвестираше во модернизација на стадионите во земјата. Шеснаесет од вкупно дваесетте стадиони во градовите кои играат во првата лига се со просечна старост од 67 години. Од постоечките стадиони, само оние во Милано, Рим и Турин ги задоволуваат меѓународните стандарди. Италија веќе двапати беше домаќин на европското првенство во фудбал - во 1968 и во 1980 година.

Франција копнее по ново фудбалско доживување

Zidane
Франција се надева по третпат да биде домаќин на европското првенство во фудбалФотографија: AP

Осумнаесет години по организацијата на светското првенство и триумфот на стадионот Стад де франс, Франција повторно се надева на големо фудбалско доживување. Државата ја поткрепува својата кандидатура со сто милиони евра, што треба да се вложат во реновирање на постоечките стадиони, но и во изградба на нови. Пред се`, санирање е потребно на стадионите на кои се одигра светското првенство во 1998 година, меѓутоа се планираат и нови проекти во Лион и Стразбур. Арената Стад де франс во Парис, со капацитет од осумдесет илјади места, во моментов е единствената што ги задоволува стандардите на УЕФА. И Франција досега двапати го органзираше европското првенство во фудбал и тоа во 1960 и 1984 година.

Автор: Арнулф Бетчер / Трајче Тосев

Редактор:Жана Ацеска