1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој ќе го наследи Волфовиц

18 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag2l

Европската комисија ја повика Светската банка што поскоро да именува нов шеф, по најавата дека актуелниот, Пол Волфовиц, на 30 јуни ќе поднесе оставка. Повлекувањето е последица на долгата афера околу поддршката на неговата животна сопатничка за добивање повиска функција со поголема плата. Германскиот министер за финансии Пер Штајнбрик изјави дека потегот е добар за работата на банката. Американскиот претседател Џорџ Буш изрази жалење поради ова решение и најави дека набргу ќе предложи наследник на Волфовиц. Како можен кандидат се спомнува и името на британскиот премиер Тони Блер.