1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

020710 WM Viertelfinale

3 јули 2010

Фудбалска треска на пеколна горештина - вака изгледа Германија во исчекување на четвртфиналниот натпревар Германија-Аргентина на ФИФА-СП. За жешката атмосфера се погрижи не само сонцето, туку и изјавите пред натпреварот.

https://p.dw.com/p/O9kk
Фотографија: DW

Размената на вербални удари ја почна Бастијан Шванјштајгер: „Ако се следат игрите на Аргентинците, ако се види како гестикулираат одделни играчи и како се обидуваат да влијаат врз судиите, тоа се прави на начин кој, според мене, не е во ред. Тоа, според мене, е немање респект. Но, Аргентинците се такви.“

Селекторот Јоахим Лев се обиде да испегла што може да се испегла: „Логично е дека борбата е голема. Но, ние имаме почит кон Аргентинците, ги цениме како фудбалери и се разбира, свесни сме дека ќе наидеме на најголемиот можен отпор што може да се замисли.“

Fußball WM 2010 Deutschland Argentinien PK Schweinsteiger
Бастијан Швајнштајгер: Аргентинците се такви!Фотографија: AP

Аргентинците имаат се‘ уште отворени сметки со Германците

Во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство во 2006 година, Јужноамериканците го извлекоа подебелиот крај по изведувањето пенали. Аргентинците се презентираа како лоши губитници, туркаа и клоцаа околу себе.

Капитенот на германската репрзетнација Филип Лам вели „Се‘ тоа е лански снег“. Екипата, сега, мора...„добро да игра. Знаеме дека Јужноамериканците се темпераментни. Се надевам дека ќе бидам сведок на тоа дека знаат како да излезат на крај со пораз.“

Rivalität Deutschland Argentinien Fußball WM No-Flash
Диего Марадона и Јоахим Лев во март 2010Фотографија: Augenblick

Најдобар рецепт против Аргентина - играј добро!

Но, она што се случуваше во 2006 година се‘ уште е во главите на германските играчи, особено кај оние кои тогаш не беа на СП, како Томас Милер: „Треба да внимаваме на тоа да не бидеме испровоцирани. Најдобро ќе возвратиме доколку играме добро. Тоа им создава најголеми проблеми.“

Оној што успеал да стигне во четврфиналето, сака да оди и во полуфинале: „Знаеме дека може да се пласираме, сакаме да одиме натаму. Сега сме меѓу последните осум, а целта е да се стигне меѓу четирите најдобри“, објаснува Лев.

Thomas Müller Gerd Müller Fußball Bundesliga Flash-Glerie
Герд Милер (д.) прогнозира: Германија може да биде светски првак!Фотографија: picture alliance / dpa

Легендата Герд Милер смета дека е можно дури освојување и на титулата светски првак. 64 годишниот легендарен голгетер е на мислење дека и тимот на Аргентина со суперѕвездата Лионел Меси, не може да го запре младиот германски тим: „Ако продолжат како досега, нема да има екипа што може да не‘ победи. Кога игра за репрезентацијата, Меси не игра толку добро.“

Повеќе победи за Аргентина, поголеми нерви имаат Германците

Инаку, ако се погледне вкупната статистика од досегашните средби, Јужноамериканците се во водство. Од 18 натпревари, тие на свое конто имаат осум победи, додека пет наптревари се завршени со нерешен резултат. Но, кога се работело за важни натпревари, Германците триумфирале почесто.

Автор: Штефан Нестлер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска