1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кралот вети реформи во Бахреин

СН/ЕМФ/дпа/дапд22 април 2012

Пред спорната трка во Формула 1 во Бахреин, кралот Хамад бин Иса ал Калифа се согласи со реформи и почеток на преговори со опозицијата. Дали тоа ќе ги намали тензиите?

https://p.dw.com/p/14j6g
Фотографија: Reuters

„Сакам лично да ставам до знаење дека сакам да се спроведат реформи во нашата величествена земја“, стои во соопштението кое бахреинскиот монарх го објави денеска (22.04) наутро. „Вратата за сериозен дијалог со целиот народ е секогаш отворена“, порача кралот Хамд бин Иса ал Калифа. Тој тврди дека неговата влада веќе постигнала успешни реформи и додава дека мора да се продолжи по тој пат на реформи. Бахреинскиот монарх уште истакна дека се залага за помирување во земјата.

Демонстрантите против трката

Неговото соопштение е издадено само неколку часови пред почетокот на трката за Големата награда на Бахреин во Формула 1. За оваа трка актуелниот шампион и возач на Ред Бул, Себастијан Фетел си ја обезбеди пол-позицијата.

Пред трката и соопштението на кралот во Бахреин беа одржани масовни протести на опозицијата. Демонстрантите-критички настроени кон владата, се судрија со полицијата. Опозицијата и мнозинското шиитско население веќе со денови протестираат како во главниот град Манама, така и во други места ширум земјата. Во предградијата на Манама полицијата употребуваше солзавец за да ги растера демонстрантите. Забележан е и еден смртен случај, но не е јасно дали станува збор за демонстрант кој страдал во интервенцијата на полицијата. Опозицијата тврди дека човекот го убиле безбедносните сили.

NO FLASH Bahrain König Hamad bin Issa el Chalifa
Kралот Хамад бин Иса ал КалифаФотографија: AP

Безредија беснеат во Бахреин откако во земјата избија продемократски протести по бунтот во Египет и Тунис. Со земјата, во која има мнозинско шиитско население, владее сунитската кралска династија Ал Калифа. Минатогодишната трка во Формула 1 во Бахреин беше откажана.