1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Красниќи не го сака Харадинај за премиер

СН/ЖА/миа29 декември 2012

Претседателот на косовскиот парламент, Јакуп Красниќи смета дека влегување во владата на лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај е нелогично.

https://p.dw.com/p/17B12
Фотографија: dapd

Красниќи, кој е актуелен генерален секретар на владеjачката Демократска партија на Косово, и е единствен политичар кој јавно ги критикува институциите и партијата чиј член е, смета дека влезот на Рамуш Харадинај во Владата е нелогичен, кога „се знае дека во времето кога владата била на Алијасата за иднината на Косово имало многу скандали“.

Красниќи во интервју за весникот „Зери“ оценува дека дебатата за можна коалиција е со цел да се отргне вниманието од реалните проблеми кои ги има Косово и од скандалите кои ја деградираа земјата.

Тој продолжува да го критикува инсталирањето на недемократски струи во редовите на Демократската партија, додавајќи дека тука се приближуваат луѓе со одредени интереси и оти луѓето визонери се елиминираат.

Красниќи оценува дека влегувањето на Кадри Весели е само официјализирање на неговата власт внатре во партијата и оти тој имал големо финасиско влијание во изборот на луѓето во Владата.

Според Красниќи, Весели не може да донесе промени во ДП. Тој е категоричен дека има голем број незадоволни во ДП, но оти се плашеле да зборуваат отворено.

Незадоволството со случувањата во партијата, кај Красниќи е присутно подолг период а односите, според весникот, со премирот Тачи се замрзнати. Тој деновиве не ја отфрли можноста да формира нова политичка партија од членови на Демократската партија.