1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крајот на Мундијалот со светски рекорд

4 септември 2011

На последниот ден од Светското првенство во атлетика во јужнокорејскиот град Даегу машката штафета на 100 метри на Јамајка го постигна единствениот светски рекорд на шампионатот.

https://p.dw.com/p/12SsN
Спринтерите од Јамајка пред семафорот кој го означува времето на светскиот рекордФотографија: dapd

Последните слики од Даегу станаа прекрасен украс на спортскиот настан на годината. Машката штафета на Јамајка 4х100 метри победи во финалето соборувајќи го светскиот рекорд. Новото најдобро светско остварување е 37 секунди и 4 стотинки. Јусеин Болт, со фуриозен спринт карактеристичен за него, далеку пред другите мина низ целта.

Штафетата на Јамајка ја сочинуваа  Неста Картер, Мајкл Фрејзер , Јохан Блејк и Јусеин Болт. Досегашниот рекорд, исто така на штафетата на Јамајка поставен во 2008-та на Олимпијадата во Пекинг изнесуваше 37.10 секунди.
Ова  беше единствениот свтески рекорд постигнат на 13-то светско првенство во атлетика во Даегу.
13. IAAF Leichtathletik WM Südkorea Usain Bolt 200m Lauf Sprint
По пехот на 100 метри Јусеин Болт со две златни медали го заврши шампионатот во ДаегуФотографија: dapd

Светската рекордерка со сребро во Даегу
 
Бети Хајдлер, најдобрата германска атлетичерка , го освои сребрениот медал во фрлање кладиво на светското првенство во Даегу. 76 метри и 6 сантиметри е резултатот со кој Хајдлер постигна нов голем успех во кариерата.27 -годишната Германка, долго во финалето не можеше да се најде себеси, до петтата серија кога , нејзиното  исфрлување беше достојно за една актуелна светска рекордерка.Ова е трет нејзин медал во кариерата на светските првенства.Во Осака, во 2007-та го освои златниот,во Берлин во 2009-та беше втора.Медал ниската продолжи и во Даегу.
За цело време од финалето во фрлање кладиво доминантна беше Русинката Татјана Лисенко,која победи со 77.13.
Бети Хајдлер ја заокружи медал листата на германскиот тим  во Даегу на вкупно 7 медали.:3 златни, 3 сребрени и еден бронзен.


Автор: Златко Калински , Даегу

Редактор: Симе Недевски