1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крај на кариерата на Свен Ханавалд, кој останува запишан во аналите на скијачките скокови

8 август 2005
https://p.dw.com/p/Aekf
Свен Ханавалд во Гармиш Партенкирхен на Новогодишната турнеја 4 скокалници во 2001/2002, кога победи на сите 4 натпреварувања
Свен Ханавалд во Гармиш Партенкирхен на Новогодишната турнеја 4 скокалници во 2001/2002, кога победи на сите 4 натпреварувањаФотографија: AP

Во Хинтерцартен, Австрија, каде елитата во скијачки скокови се натпреваруваше на скокалница покриена со пластична облога, при што победи Австриецот Лојцл, пред Ахонен од Финска, Свен Ханавалд го објави своето дефинитивно повлекување од тој спорт. На 30 години, по долга пауза, тој почувствува дека веќе не може да се врати во врвна форма: „Долг беше патот за враќање и секако и навивачите би се радувале да успеев да се вратам, но не знам, тоа бара премногу сили и поради тоа едноставно велам: о-кеј, веројатно си посакував поинаков крај, но сега ништо нема да ми донесе уште еднаш да започнувам“ – рече славниот германски скокач.

Ханавалд е првиот и единствен досега кој во една сезона победи на сите 4 скокалници од традиоционалната Новогодишна турнеја, два пати беше светски првак во скијачки летови поединечно, два пати светски првак екипно, еднаш олимписки победник екипно и носител на сребрен медал поединечно. Последен настап имаше минатата година во февруари во Солт Лејк Сити.