1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крвави судири во Либан

ЖА/дв/ртре/афп24 јуни 2013

Граѓанската војна во соседната Сирија ги заостри верските тензии во Либан. Во жестоките борби меѓу екстремистичките сунити и армијата во Сидон се убиени најмалку 15 војници.

https://p.dw.com/p/18v4H
Фотографија: Reuters

Повод за борбите беше расправија меѓу приврзениците на салафистичкиот шеик Ахмед ал-Асир и војниците на улична барикада во јужниот пристанишен град Сидон. Тие започнаа уште вчера (23.06) и траеја цела ноќ. Според наводите на Црвениот крст, ранети се над сто луѓе, меѓу кои повеќе од половината се цивили. Во други извештаи се тврди дека е убиен и еден салафист.

Стотици жители поради борбите не можеа да ги напуштат своите куќи. Армиски извори соопштија дека во една џамија и соседната куќа биле забарикадирани околу 250 следбеници на шеикот.

Scheich Ahmad Al-Assir Sidon Libanon
Ал-Асир повика на „Света војна“ против АсадФотографија: Mona Naggar

Во голем дел од Либан дојде исто така до нереди. Во Бејрут, Триполи и во областа Бека радикалните сунити подигнаа улични блокади за да ја изразат својата солидарност со групата на Ал-Асир.

Напад се случил и на влезот на палестински бегалски логор во Сидон, како што јавуваат армиски извори. Сунитските политичари предупредија да не се доведува во прашање легитимитетот на националната армија.

Шеикот Ал-Асир во Сидон има неколку стотици следбеници. Тие се финансирани од донациите на радикални Арапи од Заливските држави. Сунитите се во постојат спор со од Иран поддржуваното шиитско движење Хезболах. Овој конфликт натамошно се заостри преку граѓанската војна во соседна Сирија. Милициите на Хезболах во Сирија се борат на страната на трупите на властодржецот Башар ал-Асад против мнозинските сунитски бунтовници. Шеикот Ал-Асир пак повика на „Света војна“ против војниците на Асад.

Либанската влада во Бејрут официјално зазема неутрален став во сирискиот конфликт, но земјата е поделена меѓу поддржувачите и противниците на режимот во Дамаск.