1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

"Крвав“ Ден на мајките во Њу Орлеанс

БГ/бета/миа13 мај 2013

За време на одржување на парада по повод Денот на мајките во американскиот град Њу Орлеанс, непознати лица отворија оган врз колона од 400 луѓе.

https://p.dw.com/p/18WdC
Фотографија: picture-alliance/dpa

Најмалку 19 луѓе, меѓу нив и две деца, се повредени откако непознати лица отворија оган врз учесниците на парадата за Денот на мајките во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана. Непознати лица пукаа од огнено оружје врз група од околу 400 луѓе кои го следеа, со музика, официјалниот дел од вчерашната парада.

Меѓу повредените, кои не се животно загрозени се и две 10-годишни деца.

Претставници на Федералното истражно биро соопштија дека е во прашање улично насилство и ја отфрлија можност од терористички напад.

„Тоа е вообичаен акт на улично насилство во Њу Орлеанс, изјави претставник на ФБИ. Во јужниот американски град во државата Луизијана е забележано едно на највисоките нивоа на криминал во САД. Полицијата трага по тројца осомничени.