1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крвав затворски бунт во Венецуела

ЖА/дв/дпа/афп26 јануари 2013

Во нередите во затвор во Венецуела повторно дојде до крвопролевање. Медиумите известуваат за повеќе од 50 убиени, кога воените единици се обиделе да извршат инспекција во зградата.

https://p.dw.com/p/17Rux
Фотографија: Reuters

Најмалку 50 лица загинаа, а околу 90 се повредени во бунт во затворот „Урибана“ во Баркисименто, североисточна Венецуела, според медиумски извештаи за кои нема официјална потврда.

Министерката за затвори Ирис Варела изјави дека група затвореници ги нападнала припадниците на Националната гарда кои се обиделе да извршат инспекција во затворот. Се претпоставува дека тие сакаледа спречат војниците да влезат во одделни делови од затворот. Меѓу загинатите има затвореници и чувари.

Министерката инспекцијата на Националната гарда ја образложи како неопходна, откако властите биле информирани за судири меѓу ривализирачки банди:

„Поради насилни судири во затворот Урибана беше нужна проверка и комплетно разоружување на затворениците“, изјави таа во официјалното соопштение.

Во затворот Урибана се сместени 2500 мачи и околу 140 жени. Во Венцуела се чести затворските бунтови. Затворите во оваа земја се сметаат за хронично преполни.