1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

151011 G20 Paris Schäuble

15 октомври 2011

Министрите за финансии и шефовите на Централните банки на Г20 денеска во Париз ги продолжуваат разговорите за финансиската криза во еврозоната и реформата на светскиот финансиски систем.

https://p.dw.com/p/12sVa

За попладнево е најавена заедничка изјава на министрите за финансии и шефовите на централните банки на Г20. Во неа, според изјави на дипломати, ќе бидат пофалени напорите на европските партнери во надминувањето на должничката криза.

Франција и Германија со заеднички став

На првиот ден од средбата во Париз Германија и Франција манифестираа единство околу надминувањето на кризата во банкарскиот сектор, што се наѕира поради можниот банкрот на Грција. Експертите и политичарите од еврозоната изминатите денови со голема загриженост го набљудуваат можното дестабилизирање на големите банки во екот на должничката криза. Ова се однесува особено на француските банки, кои имаат големи количества грчки државни обврзници.

G20 Treffen Paris 2011 Wolfgang Schäuble
Германскиот министер за финансии, Волфганг ШојблеФотографија: AP

Овие проблеми мораат да бидат надминати со целно насочени мерки, порача германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле. „Кон тоа спаѓа подоброто снабдување на системски релевантните банки со неоходниот капитал!“

Сличен е ставот и на францускиот колега на Шојбле, Франсоа Бароан, кој е поконкретен и најавува законски мерки што ќе ги принудат големите банки да ја зголемат стапката на сопствен капитал од сегашните 4% на 9%. На тој начин би требало да бидат подобро позиционирани за можната криза со државните обврзници од презадолжените земји, како Грција. Бароан дури бара банките прво да ги исполнат таквите прописи пред да смеат да исплаќаат дивиденди на акционерите или бонуси на менаџерите.

G7-Finanzminister beraten‎ in Marseille Frankreich Francois Baroin Wolfgang Schäuble 2011
Шојбле и францускиот ресорен колега Франсоа БароанФотографија: AP

Банките воздржани

Шефот на германската Централна банка Јенс Вајдман со скепса реагира на ваквите барања на политиката. Тој нагласува дека од чисто правна гледна точка не е можно на банките да им се забрани да ги исплаќаат ветените бонуси за менаџерите и дивидентите за акционерите. Тој меѓутоа е против избрзани реакции и вели дека прво треба да се причека какви одлуки ќе донесат надлежните министри за финансии.

Истото е и со бурната дебата околу можната рекапитализација на банките. Според најавите од политичките кругови, во случај на криза банките би требало да се обидат прво да се снабдат со дополнителен свеж капитал на финансиските пазари. Доколку тоа не биде можно поради актуелната криза и растечката недоверба на вложувачите, тогаш на помош на банките би требало да им прискокнат државите, а дури на крај и европскиот фонд за спас ЕФСФ. При тоа веднаш се забележува дека меѓу Французите и Германците има разлики во толкувањето на овој принцип.

Jens Weidmann
Претседателот на германската Централна банка, Јенс ВајдманФотографија: DW

Против рекапитализација

Германските банки во меѓувреме најавуваат отпор против најавената рекапитализација, бидејќи тоа би го зголемило мешањето на државата во нивните зделки. Освен тоа на тој начин би бил нарушен нивниот углед на финансиските пазари: „Мислам дека не треба да претеруваме. Германските банки се добро капитализирани. А најавеното зголемување на стапката сопствен капитал од 4% на 9% проценти, при што на банките автоматски би им недостасувале средства за таа операција што ќе мораат да ги побараат од државата, таквата мерка мислам дека нема да придонесе за зголемување на довербата на берзите“, оценува раководителот на Здружението на германските банки, Михаел Кемер.

Автор: Волфганг Ландмесер / Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска