1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кризата како шанса

Шрадер Мартин20 ноември 2008

Во Дармштад се одржува третиот германски самит на информатичката технологија. Дел од критичарите сметаат дека тој е непотребен и нема да донесе резултат за браншата, која во моментов има други грижи: економската криза.

https://p.dw.com/p/Fyas
Не се искористени сите потенцијалиФотографија: dpa

Германија се наоѓа во економска рецесија. Некои бранши се жалат на тешкотии во работењето, меѓу нив банките, автомобилската индустрија, но и трговијата на мало. Информатичката бранша во повој поглед не е толку гласна. Но, тоа нема да биде така, смета Јоахим Граф, еден од нејзините претставници и портпарол на Минхенското здружение за поддршка на информатичката технологија. Тој не ја исклучува можноста брaншата да побара државна помош. „Големите од ИТ- браншата радо би примите субвенции, како и оние од другите бранши“, смета Граф.

За состојбата во оваа област и за можната помош се разговара на самитот на информатичката технологија во Дармштад, на кој присуствуваат околу 500 претставници од политиката, економијата и науката. Тие сакаат да пронајдат пат по кој браншата со своите 830 илјади вработени би излегла засилена од економската криза. На самитот меѓу другите присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел, како и министерот за стопанство Михаел Глос, претседателот на сојузот на браншата БИТКОМ, Аугуст Вилхелм Шеер и шефот на Телеком, Рене Оберман.

Zweiter Nationaler IT-Gipfel 2007
Од вториот ИТ- самит минатата годинаФотографија: cebit

Сенки врз манифестацијата

Граф критикува дека оваа средба нема да има влијание:

„Ова е галоп на големите, кои меѓусебно се фалат. За браншата, за нејзината работа ова е целосно бесмислено, “ вели тој.

Но, пофалбите оваа година сигурно ќе бидат повоздржани од обично. Економската и финансиската криза ја погодува и браншата на информатичката технологија. Тоа го потврди и анкетата која ја спроведе БИТКОМ. Според неа, скоро половина од големите фирми од оваа област стравуваат од негативни влијанија за своето работење, додека кај помалите претпријатија тој процент е една четвртина.

Клучна тема: подмладок

Во браншата на информатичката технологија нема на повидок затворање работни места. Напротив: некои фирми и во кризата бараат нов персонал. Според податоците на БИТКОМ, слободни се околу 45 илјади работни места. Главната причина за ваквата состојба е недостигот од стручно оспособени кадри..

Затоа оваа тема е една од главните на која ќе се расправа на самитот. Меѓутоа и овој пат можат да пропаднат обидите за да се дојде до брзо решение на овој проблем. Можно решение би било доаѓање експерти од странство. Претседателот на БИТКОМ, Аугуст Вилхелм Шеер, тоа го бараше уште на претходниот самит во Хановер. Но, тогаш тој не доби поддршка од канцеларката Ангела Меркел и министерот за економија Михаел Глос, што кај него предизвика разочарување.

Symbolbild IT-Gipfel/Netzwerk/Internet
Барање решение за излез од кризатаФотографија: AP

Да се извлече корист од неволјата

Иформатичката технологија се обидува од актуелната криза да извлече корист. Претставникот од Минхен, Јоахим Граф е убеден дека тоа можно:

„Ако економијата падне во криза, фирмите ќе започнат да штедат. Тоа значи дека во информатичката технологија и во областа на интернетот ќе се слеваат повеќе пари. Ќе се штеди преку системи на информатичка технологија, подобро обработување на податоците и поголемо користење на интернет, што значи дека класичните работи ќе бидат заменети со оние од информатичката технологија. “