1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Криза во Крајслер

15 февруари 2007

Германско-американскиот автомобилски концерн Дајмлер Крајслер вчера за првпaт својот биланс го соопшти во Детроит. Не случајно, зашто шефот на концернот Дитер Цече го претстави новиот план за санација во кој најважната поената е скусувањето на 13 илјади работни места во Крајслер во САД. А, тоа веројатно нема да биде и крајот на приказната.

https://p.dw.com/p/AeJP
Дитер Цече,претседател на раководниот тим на Дајмлер Крајслер
Дитер Цече,претседател на раководниот тим на Дајмлер КрајслерФотографија: AP

На прес конференцијата шефот на Крајслер Том ла Сорда соопшти:

„Ќе го намалиме производниот капацитет за 400 илјади возила годишно, со намалување на смените и затворање на некои од фабриките. Бројот работници во Крајслер ќе се намали за 13 илјади„.

Од друга страна Крајслер засилено ќе дејствува на светските пазари за да ја намали зависноста од проблематичниот американски пазар. Дел од концептот е и засилување на соработаката со други фирми. Спомнати се веќе познатите односи со Фолксваген и Хјундаи. Но, за шефот на Дајмлер-Крајслер Дитер Цече тоа не е доволно:

„Предвидуваме други стартегиски можности и со други партнери. Во врска со тоа не ја исклучуваме можноста да најдеме решение за обете страни: за Крајслер групата и за Дајмлер Крајслер„.

Цече не спомна детали, ниту го изговори зборот продажба, но не се исклучува можноста од поделба на фирмата, но потсети:

„2006 година беше добра за Мерцедес Бенц„.

Добивките беа помали поради загубите на Крајслер кои изнесуваат преку милијарда евра.