1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Криза на Пактот за финансиска стабилност на ЕУ

26 ноември 2003
https://p.dw.com/p/AeSa
Европските министри за финансии на вчерашната средба на Советот во Брисел ја прекинаа постапката што Европската комисија ја поведе против Германија и Франција поради нивното пречекорување на договорените граници за буџетско задолжување. Со оваа политичка одлука министрите го втурнаа Пактот за финансиска стабилност на ЕУ во тешка криза - оцени надлежниот евро-комесар Педро Солбес.

"Од денеска имаме Пакт за стабилност од поинаква природа. До минатата недела тоа беше систем заснован на јасни принципи, а од денеска имаме систем кој почива повеќе на политички решенија на Министрите за финансии. Ова е новина со која јас не се согласувам" - беше јасен Солбес.

Поддршка за неговиот став дојде веднаш и од Европската централна банка, чиј Совет нагласи дека одлуката на министрите содржи во себе сериозни опасности. Непридржувањето до критериумите од Пактот може да ја наруши веродостојноста на целиот систем, довербата во еврото и во солидните државни буџето на земјите членки. И заменик претесдателот на германската Централна Банка Јирген Штарк оцени дека станува збор за тежок удар врз темелите на заедничката валута.

Наспроти тоа, германскиот канцелар Герхард Шредер му даде поддршка на постигнатиот компромис:

"Станува збор за разумен компромис меѓу натамошно буџетско консолидирање во тешка економска ситуација, од една и поддршка за импулсите на стопанско опоравување, од друга страна, што е наш интерес."

Поддршка дојде и од помалиот коалицонен партнер, Зеленитзе, чиј експерт за буџетски прашања Кристине Шел нагласи дека со ова и' се дава можност на германската влада да продолжи со политиката на поддршка на стопанските импулси.

Опозицијата пак на нож ја дочека веста од Брисел. Шефот на Христијанско социјалната Унија, Едмунд Штојбер изјави:

"Германија, преку сегашната црвено-зелена влада стана гробар на европскиот Пакт за економски развој и стабилност."