1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Безбедносен сектор

12 декември 2008

Меѓународната финансиска криза прерасна во криза на реалната економија. Над цел свет се надвиснува рецесија, со последици за сите области на економијата. Но, има и бранши кои работат добро и дури бележат и пораст.

https://p.dw.com/p/GDyk
До модерна технологија во кризно време може да се дојде и со набавка на половни машини: погон на ФордФотографија: dpa - Bildfunk

Темата „безбедност“ е од големо значење и во кризни времиња. За да ги намалат трошоците токму сега многу фирми укинуваат портирници и оддели за заштита на објекти. Корист од тоа имаат приватните служби за обезбедување. Нивната бранша бележи стапка на пораст која е значително повисока од севкупниот стопански развој, меѓу другото и затоа што по нападите од 11-ти септември 2001-ва не се штеди кога станува збор за безбедност. Оливер Арнинг од Сојузното здружение на германските претпријатија за надгледување и обезбедување вели : „Тргнуваме од претпоставката дека порастот на браншата ќе изнесува од три до пет проценти. Ова е резултат на сознанието дека присуството на лица од приватните служби за обезбедување, во одделни области како и на јавни места, кај граѓаните ќе предизвика поголемо субјективно чувство на безбедност“.

Во кризно време е поголема побарувачката за половни машини

Меѓу оние кои извлекоа корист од светската финансиска криза, во секој случај се и трговците со половни машини. Јенс Негел, раководител на Сојузното здружение на германската надворешна трговија смета дека токму во вакви времиња секаде во светот многу внимателно се одмерува дали да се инвестира во нови машини и погони. „Овој развој може да се набљудува генерално. Кога има застој во светското стопанство и намалување на неговата динамика, многу инвеститори во трети земји се вездржуваат од купување на скапи нови машини и се определуваат за половни машини и постројки со висок квалитет од Германија“, рече Негел.

Особено е голема побарувачката за половни машини кои штедат енергија и не ја загадуваат околината, и тоа пред се’ за преработка на прехранбени производи и производството на пакувања, но исто така и машини за преработка на метал, како и половни стопански возила. Купци се најчесто од земјите кои неодамна пристапија кон ЕУ или пак се подготвуваат за тоа, особено од Романија, Бугарија, државите од Балканот и од Турција.

Robert Bosch in China
Погон на фирмата БошФотографија: Robert Bosch

Бизнис од 100 милијарди годишно

Во Германија доаѓаат заинтересирани купувачи и од поегзотични области на светот. „Најмногу од земјите во Африка, на пример од северот на континентот. Саемот РИСЕЈЛ секоја година го посетуваат и делегации од супсахарска Африка, кои во детали се информираат за понудата на половни машини. Тука спаѓаат и земјите од Централна Азија, кои бележат висок стопански пораст и на овој начин сакаат да се обезбедат со половни машини и постројки според најновите стандарди“, вели Јенс Нагел.

Според проценки на експерти, годишниот капацитет на трговија со половни машини и постројки ширум светот изнесува околу 100 милијарди евра. Бизнисот цути токму во кризни времиња, смета и организаторот на саемот Флориан Хес од Карлсруе. „Саемот РИСЕЈЛ го организираме еднаш годишно, наредниот е дури во април. Но, веќе сега можеме да кажеме дека сме во плус од десет проценти. Многу понудувачи се борат за место на пазарот. Само, прво мораат да ја проценат состојбата на пазарот и дали има место за оптимизам дека ќе можат да остварат профит“.