1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Критики кон Буш од сите страни

25 март 2008

Дел од американските економски експерти го критикуваат чекорот на централната банка да ги намали каматите за кредитите за 0,75 проценти. Критики стигнуваат и од редовите на демократите.

https://p.dw.com/p/DTnx
Се повеќе критики на негова адреса: Џорџ Буш со велигденско „зајче„.Фотографија: AP

„Ние се наоѓаме во тешка ситуација, во исклучително време. Меѓутоа сигурно е дека дејствувавме решително„.

Владата ќе направи се што е можно, најави Џорџ Буш, да ја ублажи кризата, а со истите зборови се обрати и министерот за финансии Хенри Паулсон. Сепак, критичарите не се задоволни. Владата на Буш го презеде 30 милијарди тешкиот хипотечен бизнис на Биар Стирнс, но демократите бараат од Буш да им помогне и на обичните луѓе кои ги загубија домовите од кризата на недвижности. Сенаторот Чарлс Шумер, претседател на одборот за стопанство во Конгресот:

„Ние предложивме програма што е насочена директно во сржта на проблемот: да се спречи принудното одземањена становите и куќите„.

Овие планови на демократите во Конгресот, со оглед на финансиската криза, наидуваат на се’ поголема согласност. Марк Занди економски експерт, советува:

„Владата го менува тонот. Меѓутоа, со оглед на ослабената економија мора да биде поагресивна и затоа треба да слушне што вели конгресот„.

Демократите забележуваат дека владата повеќе и помогна на приватна фирма тешка милијарди каква што е Биар Стирнс, а помалку на обичните луѓе. Финансиските експерти го критикуваат Буш поради фактот што ако владата продолжи да им помага на фирмите, тие нема да извлечат поуки од нивните грешки, а долгорочно такви случаи може да има многу повеќе.