1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Критики од Санчес на сметка на Буш

14 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bqme

Поранешниот врховен командант на американските сили во Ирак генерал Рикардо Санчес остро ја критикуваше стратегијата на американскиот претседател Џорџ Буш. “Америка ја продолжува очајничката борба во Ирак без усогласени напори и стратегија што би довела до победа”. Небрежноста и некомпетенстноста на Националниот совет за безбедност доведоа до сегашнава сиутуација, која е еднаква на бесконечен кошмар, рече генералот во говор пред новинари - воени известувачи во Арлингтон кај Вашингтон. Санчес сепак смета дека нема избор, освен да продолжи американското воено присуство во Ирак, оти инаку таа земја би потонала во хаос.

Белата куќа ја отфрли критиката на Санчес и укажа на септемврискиот извештај на сегашниот командант Дејвид Питреус дека е постигнат напредок во Ирак.