1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Критичарите на Мурси не попуштаат

АТ/ афп/ дпа/ ртр10 декември 2012

Египетската опозиција и натаму го отфрла референдумот за уставот на земјата, кој го планира шефот на државата Мохамед Мурси и повикува на нови протети.

https://p.dw.com/p/16yyI
Фотографија: AP

Египетската опозиција и натаму го отрфла референдумот за спорниот нацрт- устав и за утре (11.12) повика на нови масовни протести за да се сопре референдумот за уставот. Најголемиот опозициски сојуз, либерално-секуларниот Фронт за национален спас соопшти: „Ние не го признаваме нацрт-уставот бидејќи тој не ја отсликува волјата на египетскиот народ“, изјави портпарол на Фронтот за национален спас Самех Ачур во Каиро.

Уставот беше усвоен со мнозинството на исламистите. Претседателот Мохамед Мурси останува на ставот, на 15. декември да се одржи референдум за уставот во земјата. Муслиманското братство исто така за утре повика на демонстрации за поддршка на претседателот.