1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Куба и Шпанија договорија дијалог

4 април 2007
https://p.dw.com/p/AgHE

По речиси четири години од воведувањето санкции од страна на ЕУ кон Куба,социјалистичката држава најави готовност за преговори околу почитувањето на човековите права.Претставници на Куба и на Шпанија договорија во Хавана политички консултации на кои на дневен ред ќе се најдат и чувствителни теми.Првата рунда од разговорите е планирана за мај.Апсењето на 75 дисиденти во 2003 година доведе ЕУ да ги стави на мраз односите со Куба.