1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

270112 Kuba KP Parteikonferenz

28 јануари 2012

Викендов Комунистичката партија на Куба се собира на дводневен конгрес за да расправа за состојбата со реформите во економијата. Социјалистичката влада се обидува претпазливо да се отвори кон пазарна економија.

https://p.dw.com/p/13rUY
Претседателот Раул Кастро се залага за продолжување на реформитеФотографија: picture alliance/dpa

Главното прашање за кубанските комунисти е колку промени да се воведат во земјата и од кој момент реформите би можеле да го загрозат системот. Претседателот и партиски шеф Раул Кастро веќе ги направи првите чекори за внимателното отворање на пазарот. Но, комунистите не сакаат да бидат прегазени од своите сопствени реформи. Раул Кастро неодамна се обиде да внесе мир во промените.

„Ќе ги продолжиме реформите без брзање, но и без пауза – чекор по чекор. Само така ќе можеме да го оставиме стариот догматски менталитет зад нас и грешките во вистинско време да ги корегираме. Во ниту еден момент нема да го занемариме заедништвото на речиси сите Кубанци со партијата и револуцијата. Единство беше тоа кое ни помогна повеќе да го надградуваме социјализмот“, рече Раул Кастро.

Нарушена сликата за промени

Оваа слика за мирни промени беше нарушена пред една недела. 31 годишниот затвореник Вилмар Вилар почина, откако педесет дена гладуваше протестирајќи против пресудата за него и политичкиот систем во Куба. Државните медиуми оттогаш се обидуваат да го претстават Вилар како обичен криминалец, а Амнести Интернешнал го гледа ова поинаку. Според главната канцеларија во Лондон тој е политички затвореник, а процесот против него не бил фер. Генерално, состојбата со човековите права во Куба се’ уште е лоша, иако неодамна беа ослободени многу политички затвореници, оценува Џејмс Брук од Амнести Интернешнал.

Kuba Hungerstreik Dissident stirbt
Затвореник почина по штрајк со гладФотографија: dapd

„Правото на слобода на изразување и на организирање во Куба се’ уште е ограничено. Ако опозиционерите сакаат да се сретнат, тогаш вообичаено се спречувани со произволни апсења. Таму нема ниту слободен пристап на интернет“, вели експертот Брук.

Ватикан да има поостар став

Kuba Politische Gefangene Dissidenten Umbruch
Иако беа ослободени политички затвореници во Куба малку работи се променетиФотографија: AP

Смртта на Вилар фрли светлина на тоа дека, и покрај внимателните економски реформи, малку што се порменило во политичките услови во Куба. А, два месеци остануваат до планираната посета на папата Бенедикт Шеснаесетти, кој сака таму да пристигне во март. Католичката црква од една страна се залага за доближување до социјалистичкото раководство, а од друга страна силно се залага за ослободување на политичките затвореници. Кубанците во егзил на Мајами повика на поостар став од Ватикан и откажување на патувањето на Папата.

„Го молиме Папата неодложно да го земе во предвид она што моментално се случува во нашата земја. Ние сме загрижени, ако режимот манипулира со посетата во своја корист“, вели еден Кубанец во егзил.

Кубанските комунисти би требало да ја очекуваат посетата на Папата со голема напрегнатост. Од една страна се убавите слики, кои оди во светот, а на другата страна се дисидентските групи, кои би можеле да се обидат да привлечат внимание на себе, со надеж дека Папата сосема отворено ќе побара повеќе реформи, отколку што тоа му е драго на комунистичкото раководство.

Автор: Мартин Полански/ Александар Методијев

Редактор: Симе Недевски