1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кулминација на карневалот во Рајнската област во Германија

7 февруари 2005

“Поворката доаѓа “ .. Кога ,,рајнските лудаци" ќе го слушнат ова, ништо повеќе неможе да ги задржи дома . Стотици илјади маскирани и костимирани излегуваат на улиците да ја доживеат кулминацијата на карневалот. Во Келн денеска се слави под мотото“Келн и децата од светот“.Во Диселдорф се слави “Шаренилото на светот.“

https://p.dw.com/p/AcHZ
Келн денеска: Сите пеат и се радуваат
Келн денеска: Сите пеат и се радуваатФотографија: dpa

Околу еден милион посетители од Германија и од светот денеска се собрани во Келн да го доживеат спектаклот што секоја година се организира во времето пред велигденскиот пост .Поворката со многу шарени возила и убаво облечени карневалски групи денеска цел ден минува низ градот. Мотивите се одбрани на актуелни теми од политиката и се карикират политичките потези на германски врвни политичари како на Шредер, Ангела Меркел, но и Буш се појавува како карикатура. Топ моделот Хајди Клум карневалот го минува во своето родно место Бергиш Гладбах а денеска е почесен гостин на келнската карневалска поворка со нејзиниот вереник, пејачот Сил.

Поворката долга повеќе километри се движи низ улиците на градот . На крајот од поворката е најсвечената кола на принцот . Секој град си има свој карневалски принц кој ги фрла најубавите бомбони и чоколади. Него го придружуваат традиционалните фигури во карневалот девицата и селанинот кои се симбол за чистото во душата на лугето и за селската средина од каде всушност потекнува и животот. Сите три фигури се претставени од мажи кои имаат многу пари и го финансираат карневалскиот хаос кој инаку е многу организиран . Лугето снабдени со кеси стојат на улиците со сати собриаат бомбони , танцуваат во ритмот на музиката, пијат алкохол и се радуваат. Во времето на карневалот не се прави разлика меѓу големи и мали, сите се деца на кои им е дозволено да се радуваат. А светот е свртен на глава. И секој има право да ста не она за што најповеќе сонувал во животот. Келн годинава нуди католички раритет.Светскиот ден на младите учествува во карневалот . Кардиналот Јоахим Меснер не учествува во поворката но сепак е воодушевен од карневалот :“Ова е најдобра реклама кога на еден од најсветите денови во црковната година во Келн се покажува дека младите од светот ќе дојдат во оваа рајнска метропола . А келнската катедрала со нејѕините високи кули денеска се ниша во форма на модел прикажана на една од карневласките коли во поворката. Во пресрет на посетата на младите луѓе од целиот свет кои на покана на папата ќе дојдат во Келн од 16 до 21 август , Келн и својот карневал го стави под тој знак и затоа го користи карневалот на децата да им порача да дојдат. Затоа има и карневалски фигури со имиња бамбини анфан за да се истакне меѓународниот карактер на денот. Но канревалот одсекогаш имал меѓународен карактер, затоа што тука има Индијанци, каубојци Мексиканци, Шкотланѓани и што се не друго.