1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Културата бистри каде што политиката мати

4 април 2010

Германското- турските односи не се едноставни, што се докажа и на овонеделната посета на канцеларката Ангела Меркел на Турција. За разлика од комплицираните политички односи, културните релации се далеку понеоптоварени

https://p.dw.com/p/MmaB
Фотографија: AP

Сабине Бел повеќепати месечно оди на традиционалниот пазар во Истанбул. Тука таа наоѓа продавници кои и‘ се потребни. Германската уметничка не работи со четка туку со бисери. Тие во Истанбул се значително поефтини.

Богатите Турци се‘ позасилено стануваат колекционери на уметност

Сабине Бел има шестмесечна стипендија од Културната фондација на германскат покраина Северна Рајна Вествалија. Веќе пет месеции таа живее во Истанбул и го искористи овој период за да се занимава со исламската орнаментика и митологија. Нејзините слики од бисери според нејзините замисли ги сошиваат други.

Bosporus-Brücke Istanbul
Сите патишта на германско- турските културни релации водат во Истанбул ( на фотографијата)Фотографија: AP

„Предноста тука во производството се состои во тоа што има далеку повеќе атељеа за шиење, од причина што тука се шие облека со бисери за модни студија, и со тоа има луѓе кои можат да работат за мене во далеку поголем обем отколку што е случај во Германија.“

Од спротива се наоѓа и едно сликарско атеље. Во моментов него го користи германскиот сликар Ларс Бројер, истотака стипендист. Тој и Сабине честопати заедно одат на отворање на изложби и остваруваат контакти со тукашните галеристи, зашто пазарот на уметност во Истанбул доживува бум:

„Сосема нов развој е тоа што тука навистина многу добростоечки семејства сега многу бргу почнуваат да стануваат колекционери на уметност и многу да се интересираат за тоа.“

Отвореност и срдечност

Крајот во кој живее Сабине Бел е мешавина од традиционалното и модерното. Со нејзините знаења на турскиот јазик таа добро се снаоѓа во секојдневието:

„Она што тука е поинакво е отвореноста на луѓето, срдечноста но и способноста брзо да се наоѓаат решенија за ситуации кои во Германија би се решиле многу потешко.“

Веќе седум години Сабине соработува со турската галерија Дирмарт, една од ретките галерии во Истанбул која се занимава и со меѓународната уметност. На крајот од годинава Сабине Бел тука ќе има самостојна изложба.

Односите меѓу Германија и Турција барем во овој случај се на најдобар можен пат.

Автор: Андреа Касиске/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска