1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Културен календар за јануари 2012-та

26 декември 2011

Во јануари Европските престолнини на културата, Марибор и Гимараеш нудат богата програма. Сарбрикен и Келн презентираат филмаџии, дизајнери и богови. А кој го сака Стариот Фриц, мора да оди во Потсдам...

https://p.dw.com/p/13Z6Z
Фотографија: Fotolia/Gina Sanders

Подготвени за наплив на туристи- Европски културни престолнини во 2012-та

Flash-Galerie Guimaraes Europas Kulturhauptstadt 2012
Плоштад во историскиот центар на ГимараешФотографија: Central de Informação Guimaraes

Бил Клинтон, Арнолд Шварценегер и јапонскиот цар Акихито веќе поседуваат шише од виното „Син Келнер“ . Ова вино кое се прави од најстарата сорта грозје во светот потекнува од Марибор. Вториот по големина град во Словенија има околу 170 илјади жители и од јануари заедно со португалскиот Гимараеш ќе биде Културна престолнина на Европа за 2012-та година. Дека градот има да понуди многу повеќе од скапо вино, има намера да покаже од 13 јануари во бројните манифестации. Програмата опфаќа од изложби преку концерти па се’ до театарски претстави. И идиличниот португалски универзитетски град Гимараеш на реката Сера де Пења се презентира во светски манир. Богатата културна програма треба да привлече во градот кој себеси со задоволство се нарекува „Лулка на Португалија“ повеќе од 1,5 милиони туристи. Впрочем токму во Гимараеш е крунисан првиот португалски крал. Освен тоа војвотката од Гимараеш им го открила на Англичаните пиењето чај. Таа наводно во 15-от век на благородничките дами во англискиот кралски двор им понудила чај со зборовите „парат и“ што на португалски значи „за тебе“. од тоа настанал англискиот збор за чај- „ти“ . Анегдотата не мора да е точна , но јасно е дека место со една таква убава приказна ја заслужува титулата Престолнина на културата во Европа.

Голема шанса за филмскиот подмладок

Filmfestival Max Ophüls Preis Flash-Galerie
Сцена од минатогодишниот филм- победник на Макс Офилс фестивалот, „Албанецот“

Тој не важи само за еден од најголемите режисери на 20-от век, туку Макс Офилс имал и срце за младите филмаџии. Не е ни чудо што филмскиот фестивал во родниот град на германско-францускиот режисер е наречен по него. Од 1980-та година наваму во Сарбрикен се собира филмскиот подмладок од германското говорно подрачје за да прикаже еден избор од кратки и долгометражни филмови. Фестивалот започна со околу 700 луѓе во публиката а денес доаѓаат дури 40 илјади. Многу филмаџии тука ги започнаа своите големи кариери, како на пример Флоријан Хенкел фон Донерсмарк , кој стекна меѓународна слава и признанија со неговиот филм „Животот на другите“ . На последниот фестивал Макс Офилс победи Јоханес Фабер со филмот „Албанецот“. Слично како и овој филм , се’ повеќе млади филмаџии кои доаѓаат на фестивалот се занимаваат со животот меѓу културите, миграцијата и интеграцијата.

Келнски пасажи

Kulturkalender Januar
Дел од изложеното на минатогодишните Келнски пасажиФотографија: Lothaire Hucki

Овде не само што се гледа туку и се чувствува. Допирање, отворање седнување е дозволено на овој саем. Истовремено со фестивалот Макс Офилс од 16 до 22 јануари во германскиот град Келн се оддржува ревијата за дизајн „Пасажи“ Таа ја отвора меѓународната дизајнерска сезона како платформа за актуелните струења и трендови во дизајнот, живеењето и животниот стил. Околу 35 излагачи и преку 190 настапи на германски и меѓународни дизајнери и производители се очекуваат во Келн. Покрај уметничките инсталации, виртуелните градини и дигиталното ѕидно сликање повторно ќе бидат прикажани софи, регали или теписи со комичен и изненадувачки изглед. Всушност се’ што живеењето може да го направи повозбудливо.

Враќање на боговите

Ausstellung Die Rückkehr der Götter
Скулптура „Заспаниот Ерос“, што може да се види на изложбата во КелнФотографија: Staatliche Museen zu Berlin/Antikensammlung/Johannes Laurentius

Кој сака од приземноста на овоземната култура на живеење да се вивне во небото не треба да ја пропушти изложбата „Враќање на боговите“ во Римско- германскиот музеј во Келн. Таа од 13 јануари води на божјиот Олимп . На изложбата посетителите ќе се соочат со молњите на таткото на боговите Зевс, божицата на љубовта Афродита , безгрижниот бог на виното Дионис и други богови од Олимп до Ад. мермерни статуи, ретки релјефи и сликовити луксузни садови од античката колекција на државните музеи во Берлин се преселија во Келн, по на големо славениот престој во Рио де Женеиро и Сао Паоло. И воопшто боговите се целосно во тренд. И во текот на 2011-та година имаше многубројни изложби кои се занимаваа со светот на митовите и легендите.

Среќен роденден Фридрих

FLASH-GALERIE Events Januar 2012 Spanisch
На историскиот стар пазар во Потсдам е се’ подготвено за јубилејната годинаФотографија: picture-alliance/ZB

Тој се сметаше себеси за „прв службеник на својата држава“ и во јавноста со задоволство се појавуваше со шапка со три агли т.н „драјшпиц“ со бастун и со униформа. Прускиот крал Фридрих Втори популарно наречен Алте Фриц или Стариот Фриц во неговото 46 годишно владеење навистина остварил многу. Тој водел прочуени успешни војни, бил голем градител, просветлен теоретичар на државата , префинета уметничка мецена и композитор. Покрај тоа во Прусија го донел најомилениот прехранбен производ на Германците- компирот. На 24 јануари ќе бидат одбележани точни 300 години од раѓањето на малиот Фриц кој подоцна ќе биде нарачен Фридрих Велики. Градот Потсдам по тој повод организира голема прослава која истовремено ќе биде и почеток на цела редица изложби, концерти, тркалезни маси и театарски проекти. Под насловот „ По траги во Потсдам“ , овие приредби треба јасно да стават до знаење колкаво силно културно и архитектонско влијание прускиот крал извршил врз градот за време на владеењето од 1712 до 1786 година.

Светското културно наследство се слави себеси

Deutschland Essen Förderturm Zeche Zollverein
Старите рудници за јаглен во Есен, Германија се наоѓаат на листата на Светско културно наследство на УНЕСКОФотографија: picture-alliance / HB Verlag

Прочуените замоци и градини во Потсдам одамна се прогласени за светско културно насладство од страна на УНЕСКО. Со вкупно 36 места прогласени за светско културно наследство Германија е меѓу водечките на листата. Само три држави имаат поголема застапеност на листата на УНЕСКО. Листата е востановена со Спогодбата за заштита на културното и природното богатство на светот , која Генералната конференција на УНЕСКО ја усвои пред 40 години во Париз. 188 држави ја имаат потпишно досега. На листата на културно наследство во меѓувреме се наоѓаат 935 природни и културни знаменитости од 153 земји. Ако тоа не е причина за славје тогаш што. На 30 јануари УНЕСКО ја отвора својата јубилејна година со голема прослава со седиштето во Париз.

Автор: Забине Дамашке/ Симе Недевски

Редактор: Ж.Ацеска