1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Културен календар за јуни

3 јуни 2010

Изборот за културниот календар овој пат беше тежок, во јуни навистина има мноштво настани: Берлин привлекува со Биеналето, театарџиите од цел свет се среќаваат на фестивал во Рурската област...

https://p.dw.com/p/Neq7

200 години од раѓањето на Роберт Шуман

Deutschland Briefmarke Deutsche Post 200. Geburtstag von Robert Schumann
Германската пошта издаде марка со ликот на ШуманФотографија: Deutsche Post/ Karen Scholz, Bad Essen nach einer Lithografie von Eduard Kaiser, Wien 1847 © Robert-Schumann-Haus

Роберт Шуман е еден од најзначајните германски композитори, кого уште додека бил жив го славеле во Лондон и Њујорк. Неговиот роден град Цвикау затоа побрзал да му оддаде достојна почит. Првиот Фестивал Шуман се одржал во 1847 година во присуство на композиторот и неговата сопруга Клара, тој диригирал, таа настапила како солист на клавирски концерт. По девет години, Шуман починал, но фестивалите останале. Најпрво нередовно, но од 1960 година се одржуваат секоја година. По повод 200 годишнината од раѓањето на Шуман, 8 јуни, Цвикау од 4 до 12 е домаќин на литературни читања, концерти, оперски и театарски претстави.

Спасените културни богатства на Авганистан

***ACHTUNG: Nur für den Kulturkalender Juni 2010 verwenden! *** Ausstellung Gerettete Schätze aus Afghanistan - Tafel in durchbrochenem Dekor
Плоча од слонова коска од Авганистан од првиот век од новата ераФотографија: Thierry Ollivier/Musée Guimet

Тие патуваат низ светот, зашто во татковината е премногу несигурно-културните богатства од Авганистан или она што е останато од нив. Во 2001 година талибанците јурнаа на Националниот музеј во Кабул и уништија голем дел од збирките. Сепак, зачувани се дел експонати, кои навремено беа изнесени и сокриени. Управата на музејот, по долго молчење, дури во 2003 година соопшти дека некои богатства се наоѓаат во трезорот на Централната банка во Кабул. Тие оттаму итно беа пренесени во странство, во музејот Жуиме во Париз, каде најпрво беа реставрирани и во 2006 година за првпат изнесени пред очите на јавноста. Оттогаш изложбата е на пат, од Париз во Торино и Амстердам, па во САД и Канада, а сега во Бон, каде ќе остане до 3 октомври.

Уметност во Базел и Берлин

***ACHTUNG: Nur für den Kulturkalender Juni 2010 verwenden! *** Art Basel: William Kentridge und Greta Goiris: The Nose Ensemble Costume Maquettes, 2009
Може да се види во Базел (Вилијам Кентриџ и Грета Горис)Фотографија: Courtesy of Art Basel

Од 16 до 24 јуни Арт Базел по 41-ви пат ги привлекува љубителите на уметноста од цел свет во Швајцарија. Минатата година имаше повеќе од 60 илјади посетители. Ова е еден од најважните саеми на уметноста во светски рамки. А зошто токму во Базел, мал град со 190 илјади жители? За тоа треба да му се заблагодари меѓу другите на галеристот и колекционер Ернст Бејлер, основач на саемот со бројни контакти во меѓународни рамки во уметничката бранша.

Многумина уметнички експерти на патување за Базел ќе наминат во Берлин, каде на 10 јуни почнува шестото Биенале за современа уметност. До 20 август бројни автори таму преку своите дела ќе го прикажат својот поглед на денешниот свет.

Ц/о поп во Келн

***ACHTUNG: Nur für den Kulturkalender Juni 2010 verwenden! *** c/o Pop: Timid Tiger
Тајмд Тајгер исто ќе настапат во КелнФотографија: festival c/o pop in flickr

Тешко е да се пробиеш против Берлин, ова искуство го има и градот Келн, кој во 2003 мораше да и‘ го отстапи музичкиот саем Попком на престолнината. Но, голема празнина не остана, една година подоцна во Келн се етаблираше Ц/о поп, фестивал кој се концентрира пред се‘ на алтернативните музички правци на поп-музиката како Инди, Алтернативен поп, Електро, како и различни аспекти на клупска култура. Од 23 до 28 јуни на бројни локации во Келн ќе бидат одржани повеќе концерти со настапи на германски и локални групи. Минатата година беа присутни околу 30 илјади посетители. Но, Ц/о поп не е само концерти, тој станува истовремено и платформа и берза на контакти.

Литературни денови во Клагенфурт

Jens Petersen Flash-Galerie
Јенс Петерсен, во средината, ја доби Ингеборг Бихман наградата за 2009 годинаФотографија: AP

Градот Клагенфурт во јуни повторно е средиште на литературната сцена од германското говорно подрачје. Од 24 до 26 јуни избрани автори ќе читаат извадоци од свои дела. Секој има на располагање по 25 минути, по што седумчлено жири ги оценува текстовите, авторите присуствуваат на дискусијата, но мора да молчат. Се‘ се одвива јавно, пренесувано преку телевизијата. По три дена жирито го објавува добитникот на Ингеборг-Бахман наградата, едно од најзначајните литературни одличја во германското јазично подрачје, дотирано со 25 илјади евра. Литературните денови беа основани на крајот на 70-те години по примерот на групата 47, здружение на автори од повоениот период, кои меѓусебно читаа и критикуваа свои текстови. Во ова здружение припаѓаше и Ингеборг Бахман, родена во Клагенфурт.

Филмски фестивал во Минхен

***ACHTUNG: Nur für den Kulturkalender Juni 2010 verwenden! *** Filmfest München: Foyer Carl-Orff-Saal im Gasteig München
Културниот центар Гастајг во МинхенФотографија: Gasteig München GmbH / Ralph Buchner, Carola Amschler

Всушност, тоа требаше да биде елитен фестивал, кој на Минхен требаше да му обезбеди малку повеќе сјај и гламур, барем таква беше идејата на еден минхенски градоначалник и еден моден креатор во 70-те години. Но, филмската бранша реагираше воздржано. Во 80-те години Еберхарт Хауф, самиот од светот на филмот, ја зеде работата во свои раце. Во 1983 се роди Минхенскиот филмски фестивал, сега втор по големина во Германија. Од 25 јуни до 3 јули во Минхен ќе бидат прикажани околу 200 филмови, главно германски премиери. За разлика од Берлиналето, овде не постои натпревар, иако се делат награди, меѓу другите „Награда за поддршка на германскиот филм“, наменета на младите режисери, дотирана со 60 илјади евра.

Светски театар во Рурската област

***ACHTUNG: Nur für den Kulturkalender Juni 2010 verwenden! *** Theater der Welt: FaiFai (Tokio): MY NAME IS I LOVE YOU, Pop-Liebesgeschichte aus der Zukunft
Доаѓаат од Токио: групата ФаиФаиФотографија: Kazuya Kato

Рурската област, како една од Европските престолнини на културата за 2010, оваа година е особено во центарот на културниот живот во Германија. Во Есен и Милхајм на Рур гостува и „Театарот на светот“, меѓународен театарски фестивал, кој се одржува секои две до три години во различни германски градови. Од 30 јуни до 17 јули таму ќе бидат презентирани 32 интернационални продукции од Африка, Азија, Латинска Америка и Океанија. Задолжителна тема нема, на уметниците им е оставено да го донесат она што сакаат да го покажат. Годинава ќе има 11 премиери, не само театарски претстави, туку и танц, музика и перформанси. Фестивалот не доделува награди, туку е замислен како размена и презентација на различните перспективи на нашата реалност.

Автор: Петра Ламбек/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска