1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Културното богатство на Сирија во опасност од воените уништувања

Елизабет Грениер/Марта Таневска20 октомври 2013

Состојбата во Сирија и понатаму е сериозна. Покрај човечките животи, загрозени се стотици непроценливо вредни културни објекти кои би можеле да бидат уништени, ако веќе не се. УНЕСКО се обидува да спаси тоа што може.

https://p.dw.com/p/19caN
Фотографија: picture alliance/Bildagentur Huber pixel

Додека светот се обидува да ја реши дилемата дали треба меѓународната заедница да се замеша во војната во Сирија за да се спречат други човечки жртви, расправата за материјалните загуби не е во центарот на вниманието. Но богатото културно наследство кое се уништува во земјата е важно за целото човештво. Главната секретарка на УНЕСКО Ирина Бокова минатата недела предупреди на овој аспект од конфликтот во Сирија, истакнувајќи дека тоа не значи да се намали важноста за хуманитарната трагедија. Уништување на културното наследство е “дел од хуманитарната катастрофа во Сирија“, вели таа.

Бомби, пушки и крадци

Три видови на штета се направени над сириското културно наследство. Како прво, вооружените конфликти ги оштетија старите градови и локациите. Уништени се историски градби, посебно во градовите како што се Алепо и Холмс. Традиционалните пазари (соук) кои изгореа минатата година во Алепо, беа место за состанување на меѓународните трговци во последните 4.000 години.

Историскиот Алепо е еден од шесте сириски места кои се наоѓаат на листата на светски наследства на УНЕСКО. Останатите на листата се: старите градови Дамаск и Босра, селата во северна Сирија, дворецот од времето на крстоносната војна Крак де Шевалие и тврдината Калат Салах Ел-Дин, како и монументалните урнатини во оазата Палмир. Сите овие места се погодени од граѓанската војна и од неодамна влегоа на листата на светските наследства на УНЕСКО.

Другиот вид на загуба се случува поради крадењето по музеите. Украдени се важни антиквитети од најмалку шест музеи. За среќа, 77.000 експонати кои беа дел од збирката на сириските археолошки музеи сега се чуваат на сигурни локации.

Weltkulturerbe Syrien Oase Palmyra
Монументалните урнатини во оазата Палмир се заштитени од УНЕСКОФотографија: Fotolia/waj

Незаконски ископини и организиран криминал

Третиот вид на направена штета се незаконските ископини на археолошките наоѓалишта. Помошникот на главната секретарка на УНЕСКО за култура, Франческо Бандарин, вели дека тоа е најголемиот проблем. „Ако го уништите минарето од џамијата Умајад во Алепо, тоа ќе биде катастрофа. Но, тоа сепак еден ден ќе може да се изгради повторно. А кога луѓето едноставно доаѓаат и земаат предмети, нив никогаш нема да ги добиете назад“, објаснува тој.

„Тоа не го прават селаните кои живеат во таа област, тоа не е спонтано. Тоа е организиран криминал. Пазарот за незаконска трговија со културни добра е огромен. И ние сме многу послаби во однос на нив“, предупредуба Бандарин.

Напорите на организацијата за заштита на културното наследство, дури и кога наидуваат на соработка со власта или бунтовниците во Сирија, понекогаш се ограничени од технични причини. На пример, поради состојбата во земјата меѓународната мисија не може да префрла средства за да ги платат чуварите на археолошките наоѓалишта. Исто е тешко постојано да се надгледуваат сите 10.000 археолошки наоѓалишта, колку што ги има во целата земја.